
Златната генерација предводена од Андон Дончевски која пред точно четврт век ја совлада Словенија на гости со резултат 1:4, се појави на половина час пред вечерашниот дуел на избраниците на Мрме.
Со исклучок на Дарко Панчев, Бобан Бабунски и Чедомир Јаневски, сите други поранешни репрезентативци, како и новинарите кои известуваа од тој меч се појавија на атлетската патека на Филип Втори.
Фудбалската федерација на Македонија им додели плакети и подароци, а публиката не се потруди многу со аплаузите. Немаше ниту 2.000 публика во тој момент, подоцна се поднаполни.