Сакате да правиме еден византиски десерт?

Всушност, се работи за некакво пржено тесто, со мед и бибер. Знаеле изгледа што прават.

Каналот Tasting History е богатство од древни рецепти на стари цивилизации, од кои често еволуираат и денешни секојдневни јадења. Досега немавме видено византиска храна, ама овие фритерс изгледаат доволно лесни за правење и доволно безобразни за да мораш сега да отидеш во кујна и да ги замесиш.

Патем, има и книга со рецепти тука.

  • 475 мл млеко
  • 225 грама брашно
  • Околу литар маслиново масло за пржење
  • 100 грама мед
  • лажичка бибер

За мед и бибер дечково ветува дека е многу добро.

20 ноември 2025 - 13:48