Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Нови ЕУ правила за рачен багаж во авиони

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Законски се гарантира право за бесплатно внесување на еден личен предмет во авионот, ако се работи за мал ранец, чанта или торба за лаптоп со максимални димензии од 40 × 30 × 15 сантиметри (и волумен до 18 литри), под услов предметот да може да се смести во просторот под седиштето пред патникот.
  • Ова право е безусловно и мора да биде овозможено бесплатно, без оглед на видот на купениот билет или авиокомпанијата со која се патува.
  • Со новото правило се изџбегнува праксата на „drip pricing“ при која првично се прикажува ниска цена на билетот, а потоа, во текот на процесот на купување, се додаваат задолжителни дополнителни трошоци.
  • Од друга страна, стандардните поголеми рачни багажи со тркалца (55 × 40 × 20 сантиметри) не стануваат автоматски бесплатни за сите видови билети но изрично се бара овие трошоци да бидат јасно и однапред обелоденети, со што се осигурува дека за патниците нема да има изненадувања во моментот на качување во авионот.
извор

Милошоски: Евтините потписи на Заев и Димитров скапо ќе ја чинат Македонија

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • „Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ. Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од „францускиот предлог”, пишува Антонио Милошоски.
  • Ја наведува последната стратегија ‘Preparing for a wider Union’, каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ.
  • Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ!
  • Тоа значи дека ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниту една земја членка да нема приговор/вето на таквото барање.
извор

Секое семејство во САД изгубило по 2.000 долари поради војната со Иран

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Војната што Трамп му ја објави на Иран досега го чинело секое американско семејство по 2.000 долари, пресметал Марк Занди, главен економист во аналитичкото одделение на Moody’s. Вкупната сума на зголемени трошоци на национално ниво е 265 милијарди долари.
  • Најголемиот дел од оваа сума се за зголемените трошоци за греење, енергија, бензин и дизел, кои во изминатите осум месеци изнесуваат по околу 1.100 долари по семејство. Ако се задржат овие цени на горивата, сметката за домаќинствата се зголемува за околу 50 долари неделно.
  • Како последица на инфлацијата и зголемувањето на каматните стапки, трошоците за семејствата се зголемиле за 540 долари.
  • Уште по 360 долари американските семејства платиле за покривање на директните воени трошоци на Пентагон, кои според Комитетот за буџетот на Конгресот изнесувале 38 милијарди долари заклучно со 1 август, а според Ројтерс се зголемуваат за по 3 милијарди долари месечно.

     

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Два различни родителски пристапа

Балканштина
2

Ла Лига прашува: Каде е Димитриевски?

Фудбал
3

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Работа
4

Тачдаун

Онака
5

Драги млади луѓе

Забава
6

Маск ѝ го исклучи Starlink на Украина

7

Лесно е да си Калимеро

Мешано
8

А вие за Груевски се чудевте

Македонски рулет
1

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Работа
2

Маск ѝ го исклучи Starlink на Украина

3

Ива Михајлова избега пред бугарскиот конзилиум да ја потврди вистината

4

Како млекар го преплаши Трамп од нуклеарна закана од Иран

Свет
5

Безбедно ли е за Груби на слобода?

6

Хрватска има осум услови за Црна Гора во ЕУ

7

Европа се откажува од трката за ВИ

Технологија
8

Амбасадорката на САД во Атина поднесе оставка

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Балканштина

Два различни родителски пристапа

Македонштина

Автопат „Мед и млеко“

Медиуми

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Македонштина

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога Балканот им помагаше на работниците во Шведска

Дрвјата, Античките Македонци и првата катастрофа на човековата околина

А нам Иван ни се падна

Монструмот од веш машината

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy