Ралф Лорен наполни 87

Денес му е роденден на Ралф Лорен и во таа чест ќе поднаучиме нешто околу неговото влијание во светот на модата.

1. Роден е како Ралф Лифшиц на 14 октомври 1939 година во Бронкс, Њујорк, во еврејско семејство. Подоцна го сменил презимето во Лорен.

2. Модната кариера ја започнал со сопствената линија вратоврски под името Polo во 1967. Првата целоснo машка колекција ја претставил во 1968 година.

3. Во 1972 година ја претставил познатата поло-маичка со логото на јавач. Моделот станал еден од најпрепознатливите симболи на американската мода.

4. Не создал само моден бренд, туку цел животен стил. Неговата империја се проширила од облека до парфеми, мебел, домашен текстил и додатоци. Секој производ ја носи истата естетика: класична елеганција, спортски дух и носталгија за американскиот начин на живот.

5. Мечето Polo Bear започнало како подарок - во 1991 година, вработените му подариле плишано мече облечено во минијатурна облека инспирирана од неговиот стил. Тоа го инспирирало создавањето на Polo Bear, кој подоцна станува култен мотив на џемпери и модни додатоци.

6. Во 1998 година поддржал конзервација на знамето од војната во 1812 година, кое ја инспирирало песната што станала американска национална химна.

7. На 4 јануари 2025 година, претседателот Џо Бајден му го додели највисокото цивилно одликување на САД, со што станува првиот моден дизајнер што ја добил оваа награда.

8. Со сопругата Рики е во брак од 1964 година. Имаат три деца: Ендру, Дејвид и Дилан.

9. Неговата естетика е инспирирана од повеќе светови: Коњичките спортови, елитните американски универзитети, ранчовите, Нова Англија и класичен Холивуд се постојани мотиви во неговите колекции.

10. Неговиот вистински успех е во приказната што ја продава. Ралф Лорен продава идеализирана претстава за американскиот живот: елегантен, безвременски, спортски и исполнет со ненаметлив луксуз. Тоа е и една од причините што луѓето упорно купуваат.

14 октомври 2026 - 12:00