- Ана Бегова на трките „November Run“, стигна до тројно достигнување: 1. место на детската трка, 12. место во категорија сениори на 5 км жени и 2. место екипно на 5 км како член на женскиот тим АК „7 Ноември“ Гевгелија.
- Таа уште од мали нозе освојува награди и со причина е нарекувана бисер и иднина на македонската атлетика. Нејзиниот успех го величи и Игор Јакимовски, кој му е тренер со атлетичарот Дарио Ивановски:
- „Замислете, девојче родено 2014-та, трча во сабота 1 км за 03.53 минути и победува во својата категорија на детските трки, а веќе следниот ден храбро трча 5 км со возрасни со време од точно 22 минути и внимавајте, освојува 12-то место во генерален пласман! Просто неверојатно за девојче на 11 години“.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.