- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.
- Македонската фудбалска репрезентација Лигата на нации ја заврши со невиден дебакл, со 6 порази на 6 меча и само еден постигнат гол, закована на последната позиција. Гоце Седлоски се извини за лошите резултати.
- „Цела година немаме победа. Ѝ се извинив на македонската јавност за лошите резултати. Оставка? Да преспиеме, па ќе видиме како ќе биде и што ќе биде понатаму“.
- „Овие натпревари кои ги игравме дома беа некако без желба и агресија, тешко ни е и на мене и на играчите. Не знам зошто домашните натпревари ги играме вака лошо. Кога играш за репрезентација не е важна формацијата, туку на теренот треба да почувствуваш што треба да правиш“, рече селекторот на Македонија.