Јокиќ му покажа на Шенгун како се игра еден на еден

Денвер го совладаа Хјустон 112-109 и ја запиша 12-та победа сезонава. На Јокиќ му фалеше само една асистенција за да го запише 10-от трипл дабл. Но и покрај тоа, беше играч на мечот со 34 поени, 10 скока и 9 асистенции. Најголема помош доби од Мареј, кој постигна 26 поени. Алперен Шенгун имаше 14 поени, 5 скока и 6 асистенции. Ќе издвоиме две кратки видеа, играта на Јокиќ еден на еден со Шенгун и едно лудо додавање во негов стил.

22 ноември 2025 - 11:09