Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Дали Вучиќ знаел за „Сараевското сафари“?

21 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Српскиот претседател Александар Вучиќ е обвинет дека бил вмешан во „Сараевското сафари“ за време на војната во Босна – организирањето тури за странци што плаќале големи суми за да пукаат од снајпери врз цивили во опколено Сараево.
  • Хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ поднесол пријава за Вучиќ до обвинителството во Милано, кое спроведува истрага за случајот. „Ги приложив сите докази, видео материјали, фото документација, аудио и видео снимки, како и извештаи од медиуми од тоа време“, вели Маргетиќ.
  • Новинарот тврди дека Вучиќ бил член на паравоен одред под контрола на Српската радикална партија, кој бил стациониран на позиција на Еврејските гробишта, од каде што снајперисти пукале во Сараево.
  • Како доказ тој приложил и снимка од 1993 година, на која се гледа Вучиќ како наводно носи пушка со телескопски нишан. Негови приврзаници тврдат дека Вучиќ тогаш бил новинар и носел триножец за камера.

  • „Тврдењата изнесени од хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ претставуваат школски пример за злонамерна дезинформација, создадена со цел да го еродира институционалниот кредибилитет на Србија и нејзиниот претседател“, изјави за „Телеграф“ Сузана Васиљевиќ, портпаролка на претседателот.

извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

Почина Биљана Плавшиќ

3

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

АНБ со мирис на УДБА

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
8

Тексас прогласи вонредна состојба поради скапиот дизел

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Најкратката филмска критика на сите времиња

Она што останува кога ќе умреш

Скопски таксист на денот

Мистерии на оргазмот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy