Нови срамни сцени во мак-фудбалот: редар на Шкендија нападна фудбалер на Брегалница
Во македонскиот фудбал речиси да нема коло да нема некој екцес. Сега повторно во Арачиново, познато место по инциденти и тепачки против гостинските екипи. За време на дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница Штип на полувреме еден од редарите нападнал гостински фудбалер со клоца а набрзо другите интервенирале да не настане уште поголем хаос на теренот. Во моментов Шкендија Арачиново е прва на табела во Втора лига со 32 бода а Брегалница е втора со 27 бода.