Таг: јаник синер

Синер на свој начин ја одржува атмосферата во тимот

Не е познато дали ова е пред или после четвртфиналето на Јаник Синер, ама како и да, имаме интересна снимка од зад сцената со светскиот рекет број 1. Детското од себе го извадија.

Поенот кој ја одбележа победата на Синер

Јаник Синер игра страшен тенис и е фаворит број 1 на УС опен, каде ја брани титулата. Го збриша со 3:0 и својот сонародник Музети и закажа полуфинале против Феликс Оже-Алијасим од Канада. Форхенов му е воодушевувачки.

Ниту перфектен дроп шот не проаѓа кај Синер

Јаник Синер е во топ форма и најавува одбрана на титулата на УС опен. Во осминафинале го збриша Александер Бублик со само 3 загубени гема, а во четврт ќе игра против Музети. Таман кога ќе помисли човек дека му земал поен, тој ќе стигне во било кој дел од теренот.

Пази лопов Јаник

Светскиот рекет број 1 во моментов, го истреби Александар Бублик во осминафиналето на УС опен за само 84 минути. Синер загуби само три гема и сите 3 сета ги доби со идентични 6:1. Пазете ја сценава кога се намести да потпишува автограми. И тоа пред самото обезбедување.

Со Синер тешко се излегува на крај

Светскиот рекет број 1 го совлада Денис Шаповалов од Канада со 3:1 после пресврт и се пласираше во осминафиналето на УС опен. Синер стана четвртиот најмлад тенисер во историјата кој стигнал до 20 победи на сите четири гренд слем турнири. Пред него помлади со вакво достигнување се само Рафаел Надал, Борис Бекер и Новак Ѓоковиќ. Ова е поенот на мечот.

Синер му го предаде финалето на Алкараз уште во прв сет

Светскиот рекет број 1 се откажа брзо поради проблеми. Алкараз: Ова не е начинот на кој сакав да победам.

Еволуцијата на Синер кој стана совршен тенисер

Од Лондон, потекнува последната пресвртница на патувањето што го започна пред три години. Сè е смртоносно оружје во него. Играта, физичката спремност, психата.

Јаник Синер е нов шампион на Вимблдон

Најелитниот тениски турнир во светот го смести во својата 148 годишна историја првиот Италијанец кој се искачил на тронот. Прв пораз на Алкараз во финале на Гренд слем. Прво финале на Вимблдон од 2018-та без Ѓоковиќ.

Страшно моќниот поен на Ѓоковиќ против Синер на Вимблдон

Првото нивно соочување на Вимблдон беше во 2022-ра, кога Новак му направи епски пресврт на Јаник во четвртфинале од 0:2 на 3:2. Погледнете ја оваа лудорија во последниот сет. Полета.

Од Спорт Клуб го прашуваат Федерер да го прогнозира полуфиналето Ѓоковиќ - Синер

Го изненадија од кола и го начекаа малку неспремен. Роџер се помисли и на крај реши да типува на искуство.

Спонзори, договори, пари: Синер vs Алкараз, кој вреди повеќе?

Едниот е број 1 на АТП, другиот број 2. Очигледно, тоа е дуелот што ја карактеризира сегашната ера на тенисот и кој ќе биде актуелен во следната деценија, со исклучок на изненадувањата.

Најдоброто од полуфиналињата Надал - Алкараз, Ѓоковиќ - Синер

„Слемот на шесте кралеви“ кој се игра за прв пат, а домаќин е Саудиска Арабија, стаса до финале откако младоста го победи искуството или поточно ветераните.

Моќно филмско видео за „Слемот на шесте кралеви“

Карлос Алкараз и Јаник Синер ги елиминираа Холгер Руне и Данил Медведев во четврфиналињата на егзибицискиот турнир „Слемот на шесте кралеви“. Полуфиналните двојки се Синер - Ѓоковиќ, Алкараз - Надал. Домаќите ги пречекаа шестмината тениски асови со по 1,5 милиони долари само за учеството, а победникот во Ријад, Саудиска Арабија ќе си замине дома со мега премија од 6 милиони долари. За споредба, на УС опен како најбогат Гренд слем, шампионот заработува 3,6 милиони. Уживајте во филмското ремек дело Six Kings Slam направено во стилот на Game of Thrones.

Од лузер до победник: Како Синер стана „убиец“ против големите тенисери?

Од Пекинг наваму, Италијанецот однесе дома 10 победи на 11 меча против ривалите од топ 5 на АТП, а претходно скорот му беше 4 од 23. Чекор по чекор, стана најдобар меѓу најдобрите.

Шампионски пресврт на Јаник Синер, првиот Италијанец на тронот во Мелбурн

По сензационалниот триумф над бранителот Новак Ѓоковиќ со еден загубен сет, Синер одигра уште една страшна партија и по негатива од 0:2 ја освои Австралија опен, со јуначки пресврт против Медведев кој се чинеше дека ја има титулата.

Најинтересните моменти од историскиот триумф на Синер над Ѓоковиќ

По страшната доминација од 6 години и 33 победи, кралот на Австралија опен потклекна против 14 години помладиот Јаник Синер кој се избори за прво Гренд слем финале во кариерата.

Историската година за Јаник Синер кој од 1.592 место стана четврти тенисер во светот

2023-та ја почна со пораз на Австралија опен од Циципас, се мачеше на земјена подлога, стигна до полуфинале на Вимблдон, но ова ќе му биде сепак незаборавна година бидејќи го освои Монпеље, првиот Мастерс 1000 во Торонто и стана шампион на Дејвис Купот.