Јаник Синер е нов шампион на Вимблдон

Најелитниот тениски турнир во светот го смести во својата 148 годишна историја првиот Италијанец кој се искачил на тронот. Прв пораз на Алкараз во финале на Гренд слем. Прво финале на Вимблдон од 2018-та без Ѓоковиќ.

Синер му сервираше ладна одмазда на Алкараз за поразот во епското финале на Роланд Гарос пред месец и пол.

Тоа го стори со пресврт и победа од 3:1 (4:6, 6:4, 6:4, 6:4), за прва титула на Вимблдон во кариерата.

Имаше и среќа на патот до финалето, откако Григор Димитров му го предаде мечот во осминафинале при водство од 2:0 во сетови.

Но Синер ја покажа својата моќ во финалето. Прв направи брејк во првиот сет, водејќи со 4:2, а потоа шпанската машина се запали. Алкараз направи целосен пресврт и од 2:4, стигна до 6:4. 

Се чинеше дека чекори кон трета последователна титула на Вимблдон. Но, губењето на еден сет не го деморализираше Италијанецот.

Ова беше 13-ти дуел помеѓу Синер и Алкараз. Шпанецот сè уште води, но сега со 8:5 и за прв загуби Гренд слем финале.

Италијанецот кој е број 1 на АТП, станаа шестиот тенисер во историјата кој стигнал до финале на сите четири Гренд слем турнири, заедно со Ѓоковиќ, Мареј, Агаси, Надал и Федерер.

За триумфот ќе заработи премија од 3 милиони долари, а Алкараз двојно помалку.

 
13 јули 2025 - 20:29