Силен против најсилните и кошмар на најдобрите во светот, Јаник Синер е тенисер против 1 во последните неколку месеци. Титулата на Австралија опен е природна точна на пристигнување по период на доминација.
Во неговата кариера, секогаш ќе има пред и после УС опен 2023. Од поразот против Ѕверев во петтиот сет од осминафиналната пресметка, Јаник им остави трошки на противниците.
Пред сè, научи како да ги победува најдобрите во светот. Претходно тие му беа пречка, а сега ги совладува како да е тоа најлесната работа во спортот.
12 ОД 13 ПРОТИВ ТОП 10
Бројките зборуваат сами за себе. Од Пекинг, турнир кој го освои после триумф над Алкарас во полуфинале и Медведев во финале, Синер победи на 12 од 13 меча против топ 10.
Претходниот биланс му беше 13 од 26. Против петте најдобри победи на 10 од 11 меча, а претходно имаше 4 од 23.
Импресивна промена на резултатите со помош на ментален, но и физички и технички клик што може да се објасни преку различни аспекти.
КОГА СТРАДАШЕ ОД ГОЛЕМИТЕ ИМИЊА
Пред Пекинг, меѓу топ 5 тенисерите два пати го победи Алкараз (финале во Умаг 2022 и полуфинале во Мајами 2023), потоа Циципас во Ротердам и Фриц во Индијан Велс. Последниве двајца сега паднаа на 9-та и 10-та позиција.
Единствениот гигант со кој Јаник секогаш добро се носи е Алкараз. Со победата против Шпанецот во Умаг, во летото пред две години, ја прекина серијата од 13 порази против најдобрите 5 играчи во светот.
Меѓутоа, за да се ослободи на слемовите му требаше малку повеќе време. Пред ова издание на Австралија опен, Синер никогаш не победил против топ 5. Имаше 8 од 8 порази, освојувајќи вкупно шест сетови.
Последниот пораз му е на полуфиналето на Вимблдон од Ѓоковиќ, додека на УС опен елиминацијата му беше без да се соочи со некој од топ 5, па ниту од топ 10. Ѕверев беше број 12. Во Мелбурн пак ги победи Рубљев, Ѓоковиќ и Медведев и тоа во низа.
ДОМИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ТОП 5
Затоа е непходно да се зборува за пост УС опен. Тој болен пораз од Ѕверев затвори едно поглавје. Се отвори ново, составено од триумфи и неприкосновена доминација, дури и против најсилните.
Единствениот од топ 5 кој успеа да го порази Синер после тоа е Ѓоковиќ во финалето во Торино. Но Ноле беше поразен три пати и потоа никој немаше шанса против италијанската фурија.
Алкараз (еднаш), Медведев (четири пати), Рубљов (два пати), сите капитулираа пред Јанир Синер. Од Пекинг наваму ги совлада и Руне и Циципас во Торино, домашен турнир кој му направи притисок пред историските Дејвис Куп и Австралија опен.
ПРИЧИНИТЕ ЗА ПРЕСВРТНАТА ТОЧКА
Поразот од Ѕверев во Њујорк може да се смета за основен пресврт во кариерата на Јаник. Од едно разочарување може да се стане посилен. Таква е лекцијата на Синер.
По УС опен паузираше околу еден месец, се врати во Пекинг мотивиран и физички спрем 100%, после интензивно лето, комплетирано со неговата прва победа на Мастерс 1.000 во Торонто.
Другите беа слаби со енергија, а тој беше во топ форма. Телото му стана поцврство и поотпорно. Некогаш мускулите на најсилните го обземаа, а сега тој е играчот што се држи подолго.
На тврдата подлога ги подобри брзите удари и тактички додаде решенија за решавање на сите ситуации. Сите парчиња од сложувалката се додадени на двета сегменти што отсекогаш го карактеризирале мозаикот на Јаник: талентот и главата.
Така Синер научи да ги победи најсилните или поточно да доминира над нив.