Стенограм од човекот со визии

Зоки Фактор Икс

За мислата и синтаксата на Саше Фактор Икс ќе се заколневме дека е уникатна и неповторлива. Тој ќе ја ја пуштеше реченицата надвор од себе, да плови и да меандрира наоколу и сам не знаејќи каде таа го води. На тој начин се добиваа толку надреални реченични склопови што беше незамисливо тој семантички семенски материјал да се фати и да изрти и на друго место. Оф, каква заблуда.

Истиот тој фактор икс денес се има клонирано кај никој друг туку кај човекот кој и по свое скромно признание и според химната за него, ни е „дар од Бога“. Нема да ви се верува, ама, тоа е.

Генијално, храбро и суштинско прашање на водителката:

Кога адреналинот е поголем кај Зоран Заев, дали кога се потпишуваше договорот или кога возите мотор?

Одговор:

-Уф, ништо не го заменува моторот! Јас бев многу среќен кога го потпишував договорот, како што сум среќен кога го возам моторот. Кога го возам моторот, јас сум сам со себе. Јас сакам секој час да го поминам со моето семејство, со децата, со сопругата и слично, ама живеам со мајка ми и со татко ми. И тука кога сум дома, некој се јавил, имам замолници, ургенции…

Па ќе каже:

На крајот, моторот е прибежиште. Веројатно им правам проблем на полицијата, но се извинувам, сум внимателен, почитувам, целото тоа … И тогаш сум сам со својата кацига, буквално на моторот кога возам, дали е тоа по планините или оној по патиштата што го возам. Тоа ми е хоби, тоа некои го сфаќаат лошо, некои добро. Јас сум тој и не бегам јас од тоа....

Завршуваме со стенограмот со генијалната и мистериозна упадица на добронамерната тетка: „Зошто лошо, тоа е....“

Толку. Некогаш се веруваше на збор,  ама со оглед на тоа колку пати во меѓувреме сме биле прелажани, ќе мора да се достави и доказ. Со задоволство:

За Саше Фактор Икс Ружа имаше напишано една бравурозна колумна. Цаката беше што немаше додадено ни еден свој збор, само чист стенограм од јунакот.  Ако не сте, мора да ја прочитате.

На таа колумна ѝ ставивме наслов:

„Не е за смеење, за емигрирање е“.

Ех....

 

21 јуни 2018 - 11:34