Вардар меѓу непобедливите со Баерн, Порто и Бенфика

Заврши репрезентативниот фудбал за годинава. Се враќаме на клупски. Налетавме на јак податок за Вардар. Со Македонија се гледаме здравје во март догодина.

Фото: Гол.мк

Пазете ова. Црвено-црните се дел од 13-те екипи во Европа, кои се без пораз сезонава. Избраниците на Гоце Седлоски имаат скор од 10 победи, 3 нерешени и 0 порази.

Тоа ги сместува во елитно друштво на екипи од Германија, Португалија, Турција, Чешка и Шкотска, кои се непоразени. Меѓу нив има и екипи од Ерменија, Луксембург, Гибралтар и Сан Марино.

Но оваа серија на Вардар не е од сезонава, туку пораз немаат од 16 февруари, кога загубија дома од Шкендија со 1:2.

Во сабота од 13 часот и гостуваат на Брера.

Непоразени екипи во Европа за оваа сезона:

Вардар (10 победи, 3 нерешени)
Баерн Минхен (9 победи, 1 нерешено)
Порто (10 победи, 1 нерешено)
Бенфика (7 победи, 4 нерешени)
Фенербахче (8 победи, 4 нерешени)
Славија Прага (9 победи, 6 нерешени)
Хартс (9 победи, 3 нерешени)
Арарат (8 победи, 4 нерешени)
Диферданж (10 победи, 1 нерешено)
Линколн Ред Импс (7 победи)
Виртус (8 победи, 1 нерешено)
Тре Фиори (8 победи, 1 нерешено)
Ла Фиорита (5 победи) 

21 ноември 2025 - 14:39