
Со повлекувањето на Федерер и Надал и падот на Ѓоковиќ, од големата тројка, полека ќе треба да се навикнуваме на нова голема двојка.
Јаник Синер како број 1 на АТП и Карлос Алкараз на втората позиција, се најбараните тениски лица во светот од страна на компаниите.
Ќе се обидеме да одговориме на прашањето, кој вреди повеќе во поглед на спонзорства, рекламирање, имиџ...
Шпанецот, иако помлад (има 22 години, Јаник речиси 24), експлодираше прв со освојување на својот прв Гренд слем и достигнување на врвот на ранг-листата во 2022 година.
Синнер доаѓа по фантастична 2024 година, со освоеното прво место во јуни, два Гренд слема, финале на АТП, вкупно осум титули и двоен трофеј во Дејвис купот.
Алкараз, исто така, освои две Гренд слем титули минатата сезона, но беше неконзистентен, завршувајќи на третото место и во првите месеци од оваа година исчезна, додека неговиот ривал беше надвор од терен поради допинг.
На земја, Карлос се препороди, Јаник се врати на врвно ниво, помеѓу Рим и Париз. Дуелот се вжешти.
ЗАЕДНИЧКИ ПАРТНЕРИ И РАЗЛИКИ
Синер и Алкараз се различни и како спортисти и како ликови. Тоа е додадената вредност на овој дуел. Сепак, тие имаат неколку заеднички спонзори. Пред сè, оној за спортската опрема.
Најк им обезбеди на двајцата 10 годишни договори, откако прогнозираше На нив во неочекувани времиња.
Првите договори датираат од 2019 година. Јаник го обнови договорот во 2022 година за 15 милиони годишно, Карлос го направи тоа во 2024 година за малку повеќе (18).
Другото заедничко партнерство е со Ролекс, компанија која е дел од тениските кругови од 1978 година. На крајот од натпреварот, Јаник и Карлос никогаш не забораваат да ги носат своите часовници пред камерите и блицевите.
Што се однесува до рекетите, направиле различни избори уште од нивната 10 годишна возраст. „Хед“ до 2031 година, наспроти „Балолат“ до 2030 година.
Соработките со модата сè постратешки за врвните тенисери и тие се развиваат во луксузниот сектор: Синнер-Гучи, Алкараз-Луј Витон.
Пред две години Карлос позираше во гаќи за кампањата за долна облека на Келвин Клајн.
Различности има и во рекламирањето производи за кожа. Ла Рош-Посеј кај Италијанецот, Исдин кај Шпанецот, како и кај банките: Интеза Сан Паоло и Итау.
Алкараз го комплетира портфолиото со БМВ (автомобили), Ел Поцо (храна), новиот бренд Данон (млечни производи/вода) и договорот за лиценцирање со Фанатикс (пред неколку дена беше продадена картичка за рекордна сума од 238 илјади долари).
Синер е врзан за поголем број брендови. Лаваца (кафе), Фаствеб (телекомуникации), Де Чеко (тестенини), Енервит (исхрана).
Потоа има соработка со Формула 1 („Пријател на Ф1“) и дели лиценци на Пиња за канцелариски материјал и на Панини за колекционерски предмети, книги и списанија.
Личното лого на Синер го користи и Најк, кој ја лансираше капата со лисицата на последното финале на АТП и го преработи концептот за обувките на Отвореното првенство на Австралија. Најк работи и на креирање на логото на Алкараз.
АЛКАРАЗ ИМА МАЛА ПРЕДНОСТ
Што значи сето ова во пари? Проценките на ChainOn, дигитален пазар за спонзорства, укажуваат на мала предност за Алкараз. Неговите комерцијални договори годишно генерираат 32 милиони евра, наспроти 30 на Синер.
Разликата лежи во главниот спонзор, Најк. 10 годишниот договор потпишан од Јаник вреди 15 милиони по сезона, 3 помалку од неговиот ривал.
Генерално, техничките спонзори (облека плус рекети), кај Синер учествуваат со 53% (16 милиони евра), а 59% (19 милиони) во случајот на Алкараз.
Времето на обновување на договорот беше во корист на Карлос, кој го продолжи договорот со Најк откако ги освои своите први Гренд Слем титули и стана најмладиот број 1 во историјата на тенисот.
Јаник, кој се етаблираше на врвот неколку години подоцна, го надомести јазот со најновите партнерства, и брзо профитираше од статусот што го постигна.
Не случајно веќе една година се појавува насекаде, од ТВ реклами до улични постери и веб кампањи.
Во меѓувреме, Синер ја напушти агенцијата СтарВинг, доверувајќи се целосно на својот пријател-менаџер Алекс Витур, основач на агенцијата Авима.
Стратегијата на Шпанецот, следена од неговиот сонародник Алберт Молина, потпретседател на тениската дивизија на американскиот гигант Имг, се чини дека е поинаква.
Позиционирањето вкоренето на светскиот пазар му овозможува да биде уште поселективен во користењето на својот имиџ и да прави избори во комуникацијата, што го покажува автентичноста на документарецот на Нетфликс.
„Малата предноста на Алкараз во приходите од спонзорства доаѓа од техничката област, разлика што веројатно потекнува од неговото доаѓање на врвот на ранг-листата на АТП пред Синер“, вели Џовани Палаци, извршен директор на ChainOn.it.
Инаку и кај двајцата тенисери, има уште поголем потенцијал за раст на спонзорстава од комерцијалните партнери.
Тоа може да го реализираат со подобрување на глобалниот имиџ и на терен и надвор од него.
Што се однесува до социјалните мрежи, Карлос е исто така во предност пред Јаник. Има 7,1 милиони следбеници на Инстаграм, со споредба со 3,8 на Синер и е многу активен на ТикТок (1,1 милион следбеници).