Варнер Брос тужи турски репрезентативец поради Хари Потер

Дваесет и седум годишниот крилен напаѓач на Фенербахче и репрезентациајта на Турција после врвните партии во Галатасарај замина во Бенфика каде се задржа само една сезона па се врати да игра за лутиот ривал Фенербахче. Сега се соочува со тужба од најпознатото светско студио.

Најголемата светска продукциска компанија за филмска и телевизиска забава Варнер Брос покренала тужба против Керем Актуркоглу во која се наведува дека фудбалерот без никакви авториски права при прослава на головите ги користи потезите со волшебно стапче на познатиот филмски волшебник Хари Потер.

Имено прекарот на Керем Актуркоглу е и Керем Потер, односно волшебникот, пишува турски Сабах.

Актуркоглу се прослави во дресот на Галатасарај пред неколку сезони каде беше главен играч во освоената шампионска титула а ги изненади сите во Турција откако минатото лето рекол дека од мал е голем навивач на Фенербахче и дека сон му било да заигра за овој клуб.

Варнер Брос доставило тужба до Граѓанскиот суд во Истанбул за кршење на интелектуални и права на индустриска сопственост. Во тужбата стои и дека фудбалерот користи „визуелни и аудио“ елементи од франшизата „Хари Потер“ а нема дозвола за такво нешто.

Во тужбата уште се додава и дека заштитниот знак како „Хари Потер“, „Хогвартс“ и „Грајфиндор“ се официјално регистрирани во турската канцеларија за заштита на авторски права.

Компанијата вели и дека овие брендови не се ограничени само на книги и филмови туку светски претставуваат еден препознат комерцијален бренд со голема вредност.

21 ноември 2025 - 13:32