За разлика од неговите безбројни побратими гуруа, мастери, исцелители, јасновидци и слични дерачи на паталци, Брацо не мора да зборува, да објаснува, да цитира верски книги, да меша тинктури или да дава рецепти.
Брацо не се мачи околу ништо од тоа. За да направи ремонт на душата, сервис на телото, штимање на нервите, рестарт на мислите или мејк-ап на раните, Брацо, просто, зјапа во своите пациенти! Ќе дојде на сцена, малку ќе ги позјапа и инстантно ги спаструва. Ген-ни-јал-но!
Сè е тука надреално. Конкретен хајлајт ни е една тетка која после мисата, тоест исцелителната сеанса тоест зајапањето, сведочи дека кога Брацо зјапал, таа не се чувствувала исто. Можела да почувствува некаков.... мирис на ружи. И онда запазете што држи в раце.
Ако терапијата навистина делува, понизно го молиме Брацо во слободно време обилно да зјапа по интернет и социјални медиуми.