Најдоброто од полуфиналињата Надал - Алкараз, Ѓоковиќ - Синер

„Слемот на шесте кралеви“ кој се игра за прв пат, а домаќин е Саудиска Арабија, стаса до финале откако младоста го победи искуството или поточно ветераните.

Алкараз го совлада Надал со 2:0 (6:3, 6:3), а Синер беше подобар од Ѓоковик со 2:1 (6:2, 6:7, 6:4).

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Надал на Олимписките игри сепак не беше последен, бидејќи овие двајца гиганти утре од 16:30 часот ќе играат за трето место, а финалето Синер - Алкараз е закажано за во 18:00. 

Турнирот во Ријад не спаѓа под АТП, што значи тенисерите не освојуваат бодови, но затоа одлично ќе заработат, бидејќи сите шестмина само од учеството ќе добијат по 1,5 милиони долари.

Победникот ќе си оди дома со премија од 6 милиони долари или скоро двојно повеќе од УС опен, кој важи за најбогат Гренд слем каде шампионот заработува 3,6 милиони долари. Уживајте.

Моќно филмско видео за „Слемот на шесте кралеви“