Откако го совлада Нуно Боргеш со 6:3 и 7:6 на првиот меч на АТП 500 турнирот во Пекинг, шесткратниот шампион на Кина Опен им делеше автограми на фановите со кинески печат на кој на пишува „Де Ѓуе“ („Џоко“). Целта му е да служи како автограм на сувенирите на навивачите.
Новак Ѓоковиќ води против Нуно Боргеш 1:0 по првиот сет од 1. коло на АТП 500 турнирот во Пекинг. Го најавија на следниов начин: „Од Србија, најголемиот на сите времиња – Новак Ѓоковиќ“. Се смета дека ова е првпат во историјата на тенисот, на еден официјален АТП турнир, спикерот да најави играч како „најголемиот на сите времиња“.
За прв пат во својата кариера Новак Ѓоковиќ се соочува со елиминација во првото коло на УС опен. Загуби од Маријано Навоне (49-ти на АТП) со 3:2 во исцрпувачка битка од 4 часа и 36 минути. Имаше серија од 19:0 во прво коло на отвореното првенство во Њујорк и 78:0 во прво коло на сите гренд слемови. Но, телото очигледно му откажува. Србинот повраќаше, а потоа и плачеше од мака откако немаше сила во последниот сет при негатива од 3:1.
Само неколку дена после елиминацијата во полуфинале на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ е повторно со рекетот в раце. Овој пат како гостин на отворањето на тенискиот центар на неговиот пријател Иван Додиг во Меѓугорје. Одигра егзибициски натпревар со својот поранешен тренер Горан Иванишевиќ, како и со Марин Чилиќ и се разбира домаќинот Додиг. Ноле не пропушта можност и да имитира некој од колегите или колешките.
Ѓоковиќ и Синер денеска ќе го имаат шестото полуфинално соочување на Гренд слем турнирите. Италијанецот води во оваа битка 3:2. Пред само пет и пол месеци, Србинот му покажа на 14 години помладиот противник, дека стара коска е стара коска. Го елиминираше на Австралија опен во драматичен трилер од 4 часа и 9 минути со резултат 3:2.
Иста возраст, иста ноќ, ист резултат. За тоа што го направија Новак Ѓоковиќ и Лионел Меси твитна и Вимблдон. Силни, вешти, неуморни, ненадминливи. Едноставно спортски икони во чие време е привилегија да се живее.
15-то полуфинале на Вимблдон или 55-то на сите Гренд слемови. Новак Ѓоковиќ дефинитивно ја преврте игрицата. Синоќа против Феликс Оже-Алијасим го одигра најдолгото четвртфинале во историјата на Вимблдон, долго 5 часа и 15 минути. На децата им рекол да си легнат после четвртиот сет.
Седумкратниот освојувач на Вимблдон одново ги помести човечките граници во тенисот. Со 39 години, стана најстар полуфиналист во Лондон во последните 50 години. И тоа во рововска битка на само 6 минути пред строгиот лондонски полициски час во 23:00 часот против 13 години помлад играч.
Ѓоковиќ го збриша Циципас со 3:0 во сетови, односно 6-3, 6-4 и 6-2 во второто коло на Вимблдон. Седумкратниот шампион на најпрестижниот тениски турнир стигна до победата над Гркот за само 100 минути. Во сите три сета ја диктираше играта и рутински ја приведе средбата кон крај. Не се откажува овој човек и на 39 години им испраќа порака на конкурентите дека ќе се бори за финале. Одиме со најдоброто на српскиот ас.
По повеќе од три часа борба, Ѓоковиќ го совлада Кинезот Јибинг Ву со 3:1 во првото коло на Вимблдон и стигна до 103. победа во кариерата на овој турнир. Кај што е Новак, таму е забавата. Во публика имаше запросување. Прво им го одобри бракот, а потоа им побара покана за свадба.
Иако загуби од 19 годишнен Бразилец после водство од 2:0, сепак ова што го прави Новак Ѓоковиќ на свои 39 години е ненормално. Уште го има на големите турнири, уште игра и финалиња и е 4-ти на АТП. Некои топки едноставно е чудно што може да ги стигне на таа возраст.
Новак Ѓоковиќ се враќа во натпреварувачки ритам по пауза од два месеци. На Централниот терен на Форо Италика во Рим го одржа првиот тренинг, а на трибини полно како на натпревар. Не е секој ден прилика да се гледа во живо единствениот човек со 24 Гренд слем титули.
На доделувањето на наградите „Лауреус“ во Мадрид, Новак Ѓоковиќ имаше средба со шпанскиот новинар, кој по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз, му покажа фотографија од почетоците во Копаоник со рекет в рака. „Немој пак да ме расплачеш“, рече Србинот.
Новак Ѓоковиќ и Лука Дончиќ се појавија заедно во „Мовистар“ арената во Мадрид, за да го гледаат дуелот од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Црвена Ѕвезда. Едниот стана МВП со кралскиот тим, а другиот е навивач на Ѕвезда која често ја бодри во сала.
Ѓоковиќ реши во Зеница на лице место да го следи бараж финалето меѓу БиХ и Италија. Тој не ја крие поддршката кон екс ју земјите. Кога Србите беа елиминирани на Светското во Катар, навиваше за Хрватска.
Новак Ѓоковиќ не успеа да го мине бранителот на титула на Индиан Велс, 14 години помладиот Џек Дрејпер. Но, погледнете го како му одигра на стартот од третиот сет, на свои уште малку 39 години. Се чудеше и публика и коментатор.
Новак Ѓоковиќ се пријави на Индијан Велс, каде веќе го мина првото коло. Таму е и Арина Сабаленка. Што значи таму покрај квалитетен тенис, ќе има и забава.
Во лавовска битка, Новак Ѓоковиќ го доби 14 години помладиот Синер, кој потклекна на искуството и инаетот на великанот со 24 Гренд слем титули. „Нешто сте рекли“, гласеше неговиот натпис на камерата, наменет за оние во Србија кои не се баш од негова.