Ѓоковиќ: Цел се тресам, дајте ми нешто за пиење

Само три дена по освојувањето на трофејот во Пекинг, Новак Ѓоковиќ е елиминиран уште на првиот меч на мастерсот во Шангај. Првпат во кариерата губи во толку рана фаза на овој турнир.

Ѓоковиќ загуби 2:0 (6:4, 6:3) од Хуберт Нуркач, кој е 34-ти тенисер во светот, после скор од 8:0 против Пољакот.

Тој секако немаше многу време за одмор после настапот во Пекинг, но животот на тениската турнеја е тежок. Беше очигледно дека не успеал доволно да се опорави и неговото тело не се врати доволно брзо во форма.

Новак размислувал да го предаде мечот откако го загуби првиот сет, но сепак, охрабрен од Виктор Троицки и со помош на лекови обезбедени од Миљан Амановиќ, тој одлучил да остане на теренот.

„Целиот се тресам! Целиот се тресам. Дајте ми нешто за пиење“, извика Ѓоковиќ кон својот тим по загубениот прв сет.

„Обиди се да ги скратиш поените“, го советуваше Троицки.

По исцрпувачкиот прв сет во кој не успеа да искористи две брејк топки што можеа да му го донесат сетот, на Ѓоковиќ му беше тешко да дојде до здив, а неговиот говор на телото беше видливо обесхрабрувачки.

Следно за Ноле е пауза, па учество на мастерсот во Париз. Претходно се очекува да настапи и на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ во Ријад.

9 октомври 2026 - 14:23