
Се изначитавме, изнагледавме и изнапишувавме каде тоа води и го имате многупати читано на нашиот сајт. Ама, ќе си рече некој, остајте, тоа е во белиот свет.
Не е.
Во „Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство“ издадено од министерот за образование и наука (го има, на пример, на веб адресата на ООУ Љубен Лапе), во формуларот има прашање што е ученикот, не по пол, туку по род, па се понудени опциите : машко, женско, транс и друго.
Транс? Друго? Каков црн транс, какво бело друго, побогу? Затоа што не би да пцуеме, тука прекинуваме.
* повеќе на темата имате овде
***********
Нашиот Кирил (Храна за возрасни) деновиве на Фејсбук пиша нешто кое го делиме један кроз један:
Порано квир екипата - особено транџите, ми беа скроз симпатични и забавни пошто беа тежок андерграунд, длабока маргина, отпадници, џанаци, креативни нихилисти, ходајучи средни прсти за лицемерието наречено цивилизација. Чист панк.
Моментално се мејнстрим: вечно увреѓени, досадни, нов албум на имеџн драгонс, најударнио рафт по супермаркетите. Претворија се у нова одвратна организирана религија, заменија ги мантијашите со шарени партали, 0% забава и гадна малициозност скриена позади ново знаме, симбол, систем на вредности.
Полека ќе почнеме да ставаме авокада у туршијата.