Иако во првото полувреме беа во незавидна ситуација и имаа негатива од дури 17 поени, кошаркарите на Денвер не се предадоа и во второто полувреме покажаа шампионски карактер.
Главен двигател на тимот повторно беше Никола Јокиќ, кој одигра уште една маестрална партија и за влакно остана без нов трипл-дабл.
Српскиот центар го заврши натпреварот со 24 поени, 9 асистенции и 8 скокови и го контролираше ритамот на играта кога беше најпотребно.
Клучниот момент на натпреварот се случи во третата четвртина, кога Денвер со цврста одбрана и серија од 20:4 целосно го сврте текот на настаните и поведе со 69:67.
Во неизвесната завршница, голема поддршка за Јокиќ беа Џамал Мареј со 21 поен и Демар Дерозан, кој 13 од своите 18 поени ги постигна токму во одлучувачката последна четвртина.
Со оваа голема победа против еден од најдобрите тимови во лигата, Денвер стигна до скор од 8 победи и 5 порази, потврдувајќи дека со ваков Јокиќ ниту една предност на противникот не е недостижна.
JOKIĆ DIME BEHIND THE DEFENDER'S HEAD 😲 He's got 24 PTS and 7 AST as the Nuggets and Celtics are TIED heading into Q4 on ESPN! https://t.co/8HNDPqaQnC
— NBA (@NBA) November 19, 2026