Институтот од Мичиген спровел истражување во 7 доминантно муслимански земји прашувајќи ги луѓето кое од следниве решенија го сметаат за прифатлив начин на облекување на жената во јавност:
Од #1(сосе ќепенци на очи) се најзадоволни во Авганистан, нинџа стилот број 2 е популарен кај конзервативците и фундаменталистите во Саудиска Арабија и другите земји од Заливот, #3 е стил кој го преферираат шиитските фундаменталисти во Иран, Ирак и Либан, 4 и 5 се најприфатливи за современите жени во Иран и Турција а слободарската шестка е омилена за секуларните жени, особено меѓу либерaлните Либанки.
Во просек, најприфатливо решение е четворката, со целосна покриеност на косата, ушите и вратот.
Испитаниците биле прашани и на една друга тема, колкумина сметаат дека жената сама треба да ја одбере својата облека. Во само две земји, Турција и Тунис, мнозинството одговорило во полза на жената.
Што се однесува до тоа кој колку би сакал да има сосед Американец, Египет е најтврд