Таг: бурка

Холандската забрана за бурки не фати од прва

Полицијата и јавниот превоз во земјата главно покажаа неволност за спроведување на забраната за носење облека која го покрива целото тело.

И Данска забрани бурки

Данска им се придружи на Франција, Австрија и Белгија и донесе закон во кој се забранува целосно покривање на лицата. Освен кога ептен студи или се носи кацига за мотор.

Бугарскиот парламент изгласа забрана за носење бурка

По неколку поединечни забрани изгласани од локалните власти на неколку бугарски градови, парламентот на прво читање го изгласа законот кој на цела територија на Бугарија го забранува носењето облека која целосно или делумно го покрива лицето.

Кога покриеното ќе се разоткрие

Австралиски полицаец запира автомобил возен од муслиманка облечена во никаб (она комплетчето, ко кај нинџи). Таа веднаш ја потегнува верската карта и дига медиумска и судска врева обвинувајќи го полицаецот за малтретирање на расна основа. Кармата и враќа со видео - сè е снимено и нема ништо од тоа што го тврди. Добива 6 месеци затвор.

Од шамија до чаршаф

Покривање на главата или лицето на јавни места се смета за битен знак на муслиманскиот идентитет на жените. Но, колку и колкава покриеност е прифатлива во различни муслимански држави?