Забраната носење опфаќа ски-маски, кациги што покриваат цела глава, никаб и бурка, на јавни места како училишта, болници и јавен превоз. Луѓето кои ја прекршуваат забраната имаат избор да го отстранат забранетото парче или да платат казна меѓу 150 и 415 евра.
Носење на што било од гореспоменатото на улица не е забрането.
„Меѓутоа законот изгледа дека наиде на фатална пречка откако полицијата објави дека неговото спроведување не им е приоритет и го покажаа своето незадоволство од замислата дека жена во бурка би можела да биде одвратена од влегување во полициска станица за да пријави некаков проблем,“ пишува Даниел Буфеј во Гардијан.
На ова се надоврзаа и транспортните компании, кои објавија дека нема да бараат од своите вработени во возовите, метроата, трамваите и автобусите да го спроведуваат овој закон во отсуство на полицијата.
Холандија е 6-та членка на ЕУ што воведе забрана за носење облека која го покрива целото тело.