Судијата тргна накај Дончиќ, а овој не можеше да се изначуди

Заврши убавата серија на Лејкерси од 9 победи по ред, а им ја расипа Јута Џез како гостин со триумф од 109-97. Дончиќ постигна 29 поени и загуби 9 топки, со што заврши неговата низа од 11 последователни натпревари со најмалку 30 постигнати поени. На истекот на втората четвртина имаше конфронтација со судијата Тре Медокс, истиот на кој во март годинава му гестикулираше со прстите пари, по што доби казна од 50.000 евра.

19 ноември 2026 - 09:35