Сензација во Базел: Штруф со 27 асови го елиминираше Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа неочекувана елиминација во осминафиналето на АТП турнирот во Базел, откако по голема драма загуби од Германот Јан-Ленард Штруф со 1-2 во сетови (6-7, 7-5, 7-6).

Клучен фактор за големото изненадување во Швајцарија беше фантастичниот сервис на германскиот тенисер.

На мечот кој траеше повеќе од два и пол часа, испука дури 27 асови и успеа да спаси дури шест брејк шанси кои ги имаше неговиот противник.

Ѓоковиќ одлично го започна дуелот и по голема борба го доби првиот сет во тај-брејк со 7-4. Сепак, Штруф во продолжението заигра на сè или ништо.

Во финишот на вториот сет Германецот го направи единствениот брејк на мечот за 7-5 и го израмни резултатот.

Во одлучувачкиот трет сет, победникот се решаваше во нов тај-брејк во кој Штруф славеше со 7-5, за прва историска победа над српскиот ас. 

 
30 октомври 2026 - 09:13