Покрај мајчиниот, сме го слушале како течно зборува англиски, италијански, француски и шпански. Ете го сега и со германски на кој им се обрати на турнирот во Базел. Го научил како тинејџер, кога од својата 12-та до 16-та година тренирал на тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен. Во некои интервјуа знае да каже дека малку го заборава бидејќи слабо го вежба.