Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг, откако го совлада Александер Зверев со пресврт 2-1 (4-6, 6-4, 6-4), во битка која траеше 2 часа и 35 минути. Го имаме ли поенот на годината, прашаа коментаторите?
Инаку Србинот во Пекинг стигна со совршен скор од 32 победи и 0 порази, со што го собори рекордот на Рафаел Надал за најдобар старт на еден турнир. Надал има стартувано на Роланд Гарос со 31-0.