„Двајцата кои многу се сакаа“ би бил насловот на филмот што може да ја претстави врската или соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ.
Сега кога веќе нивната професионална релација заврши, се поставуваат многу прашања за иднината на српскиот ас, кој годинава има старт далеку од неговите вообичаени стандарди.
„Тој беше една од референтните точки уште кога бев дете. Дел е од мојот тим затоа што успева да ми даде дополнителна стимулација и мотивација. Горан е многу важен за мене“, изјави Ѓоковиќ минатото лето.
Расправии и несогласувања, начини за ослободување на енергија
Два различни карактери лесно се запалуваат, а сигурно и двајцата не се меѓу најмирните.
„Ѓоковиќ не е едноставен“, изјави неодамна Иванишевиќ. Дали често се расправаме на терен? Пред сè, не успевам да ги слушнам работите што ми ги кажува бидејќи играме на огромни стадиони. Инаку во ред е да ја ослободи својата енергија, па дури и да се искара со нас во тренерската ложа“.
Кога сме кај несогласувањата, најпознато беше она во финалето на Аделаида 2023 против Американецот Корда. „Ти излези“, рече налутено Ноле кон својот стручен штаб.
По неколку секунди трибината ја напуштија брат му Марко и италијанскиот менџер Едоардо Арталди. Новак го доби тој меч.
Хемија, цврство пријателство и извинување
„Нашата хемија на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство беше цврсто како камен“, напиша 24-кратниот Гренд слем победник на својот Инстаграм профил во својата проштална порака до Иванишевиќ.
Горан, всушност, отсекогаш го дефинирал Новак како гениј. Човек кој го познава спортот како малкумина и кој секогаш успева да се справи со негативните ситуации.
А Ноле, по повод победата на Ролан Гарос 2023, ја искористи можноста да му се извини на својот тим за изливите на гнев кон нив.
„Работите функционираат така што секогаш сум јас виновен. Еднаш Ноле нè врзуваше со лисици три дена. Нѐ мачеше, ни ги скина ноктите и многу други работи што не можам да ги кажам, но сепак сме тука“, рече низ насмевка Иванишевиќ.
Србија и Хрватска во позадина
Во Србија имаше и такви кои ја критикуваа соработката на Ноле со Хрват, како поранешниот НБА центар Дарко Миличиќ, кој рече дека тоа е навреда за навивачите.
„Секогаш кога Ѓоковиќ ќе покаже изливи на љубов кон Хрватска, треба да помисли на своите српски поддржувачи кои се соочија со загуба на своите најблиски за време на војната“, рече Миличиќ, откако Ѓоковиќ изјави дека по елиминацијата на Србија од Мундијалот 2022, почнал да навива за Хрватска.
Фантастичните резултати
Дуото Ѓоковиќ-Иванишевиќ оствари извонредни резултати кои во бројки звучат вака: 9 Гренд слем титули, Вимблдон (3), Австралија опен (3), Роланд Гарос (2) и УС опен (1), како и 7 Мастерси. Сето ова од јули 2019-та.
„Кога ќе добиеш повик од еден таков тенисер, не можеш да одбиеш“, изјави Иванишевиќ откако ја прифати понудата. Пет години подоцна рече дека е задоволен што го видел напредокот на Ноле, особено во играта на мрежа“.
„Уште од мал тој беше мојот херој, го запознав неколку дена кога тренирав во Германија. Разменив неколку зборови и му донесов колачи“, изјави Ѓоковиќ