Добивки од спогодбата (грчки позиции):
1. Договорот во целост одговара на националната линија за сложено име со географска одредница, за употреба „ерга омнес“ која нашата земја ја држи 20 години.
2, Прифаќањето на „ерга омнес“ е голем дипломатски успех на Грција бидејќи во минатото не беше прифаќан ни како основа за дискусија. Тоа значи дека нашите соседи не само што ќе го користат договореното име во своите меѓународни односи, во меѓународните организации, меѓународните форуми и меѓународните документи, туку и внатре во земјата.
3. Името „Република Северна Македонија“ кое во нашата земја ќе биде признаена како „Северна Македонија“ (без превод) става точка на иредентизмот кој го повлекуваше името „Република Македонија“, што беше уставно име на нашиот сосед и под кое веќе беше признаен од страна на преку 140 држави, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина.
4. Владата успеа да постигне не само прифаќање на ерга омнес туку и тоа нашиот сосед да се обврзе веднаш да пристапи кон уставна ревизија.
5. Уставната ревизија е голема победа за Грција бидејќи не беше опфатена со националната линија како што таа беше утврдена во последните 20 години а која ја следеа сите власти на ПАСОК и Нова Демократија, но тоа беше црвена линија на сегашната влада. Освен тоа, никогаш порано немаше согласност тие да го променат својот устав според меѓународен договор.
6. Договорот ѝ овозможува на Грција да пристапи кон ратификација дури после завршувањето на уставната ревизија во соседната земја, додека повикот да се придружи кон НАТО и ЕУ ќе биде отворен дури после ратификација на договорот во нивното собрание, а нивното пак членство во двете организации ќе се случи после уставните ревизии, а во повикот експлицитно ќе стои услов дека тој не е важечки ако не биде исполнет условот за уставна ревизија.
7. Со овој договор ќе ја вратиме нашата историја, симболите и нашата традиција, бидејќи со него соседната земја изрично прифаќа разграничување на грчките Македонци и нивната античка грчка култура, јазик и регион во кој живеат, од народот на таа земја и неговата историја и неговата историја, јазичките и културните карактеристики. (види член 7 подолу).
8. Името ќе биде регистрирано во уставот со неопходна уставна ревизија. Истовремено, над 140 земји кои денес ја признаваат таа земја под името „Македонија“ ќе ја признаат како „Северна Македонија“.
9. Името потполно ја одвојува таа земја од грчка Македонија и нејзините три региони (источна, централна, западна).
10. Крајот на иредентизмот се потврдува на најофицијален начин бидејќи експлицитно и недвосмислено е загарантирано дека ќе се елиминираат, спречуваат и сузбиваат сите видови на иредентистичка реторика и активности, како на јавни така и на приватни тела.
11. Осигурано е сите иредентистички референци да бидат избришани од уставот на соседот. На пример:
а) ќе биде избришан членот за поддршка на нивната дијаспора. Во тој контекст ќе бидат тргнати референците за заштита на “македонското малцинство“ во соседните земји.
б) ќе биде заменет членот за заштита на границите така што ќе бидат исклучени сите проблематични наводи.
в) ќе бидат отстранети дури и индиректните историски референци од преамбулата на Уставот.
12. Во договорот се предвидува државјанството во Северна Македонија да биде 'Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia'. Тој неодвоив термин го заменува едноставниот „македонски“ кој сега им е во патните исправи, така што тоа е јасно подобрување.
13. Нашите соседи веќе го сменија името на аеродромот, автопатот и стадионот. Ќе има или размена на статуи со општина Солун или ако не дојде до размена, договорот предвидува соседната земја да стави табли на спомениците и статуите за да стане јавно дека се тоа симболи на грчката култура (на пример „Воинот на коњ“ ќе има натпис дека е од хелинистичкиот период и го симболизира пријателството меѓу Грција и ПЈРМ).
14. Иако јазикот како „македонски“ е признаен од страна на Грција во рамките на ОН, договорот содржи дополнителна формулација која јасно содржи дека е тоа јазик од семејството јужнословенски јазици, како и експлицитен опис кој тој јазик го одвојува од древната грчка култура и грчко-македонското јазичко наследство.
15. Сите епитети на државни и пошироко јавни институции, како и на иселенички/културни организации финансирани од страна на државата ќе бидат одредени со терминот „Северна Македонија“ со истовремено отстранување на одредницата „Македонија“.
16. Се основа работна група од експерти која ќе се занимава со прашања на стоковите заштитни ознаки од 2019 година во рок од три години.
Меѓународно опкружување:
Владата ги започна преговорите во меѓународно статус кво во кој терминот „Македонија“ веќе се користеше како име на соседот во меѓународните организации и сите меѓународни форуми, како што произлегуваше од обврзувачкиот договор од 1995 година, во склад со кој името на соседот беше Поранешна Југословенска Република Македонија. Освен тоа, преку 140 земји (вклучувајќи ги САД, Кина и Русија) ја признаа таа земја под нејзиното уставно име, Република Македонија, односно нејзините граѓани како Македонци.
Меѓународниот суд на ОН во 2011 година донесе одлука неповолна за Грција, за активностите кои доведоа до тоа да не се упати повик до ПЈРМ за членство во НАТО.
Таквите меѓународни прилики беа понеповолни од оние кои ги имаа претходните власти за преговори.
извор: N1