Гризман за потегот на Тудор: „Срамно е, си го ставил, издржи до крај“

Тотенхем игра една од најмизерните сезони во поновата историја на клубот. Овој гигант од Лондон е на раб на испаѓање од Премиер лига во втора лига. Во Лига на шампиони синоќа претрпеа дебакл 5:2 од Атлетико Мадрид. Некои голови одат на душа на младиот чешки голман Кински кој од непознати причини добил шанса од Тудор кој после 15 минути го извади од игра.

Англиските стручни коментатори веќе неколку недели се збунети од одлуката на управата на Тотенхем да го постави Игор Тудор за нов тренер. Од причина што Хрватот нема некое успешно скоро минато во италијанска Серија А и во турски Галатасарај.

Тотенхем со Тудор претрпе веќе 3 порази во Премиер лига по ред и 1 во Лига на шампиони.

Пред натпреварот со Атлетико Мадрид во Шпанија, Тудор ги изненадил сите откако на клупа го седнал првиот голман 29-годишниот Италијанец Викарио, а „во оган“ го фрли 22-годишниот млад чешки голман Антонин Кински.

Чехот направи големи киксеви на почетокот и два од првите три гола на Атлетико беа после негови директни грешки. Тудор револтиран го извади од игра во 15' минута небаре се работи за селски турнир и така дополнително психолошки го поремети младиот голман кој долго време ќе го носи овој жиг од слабата партија.

„Мислам дека е срамно. Ако тренерот, овој тренер од вечерва или друг стартува со овој голман, тогаш треба да го оставиш до крај. Ментално сигурно е многу тешко за голманот. Не беше баш најпаметно (да се извади од игра)“, рекол Гризман за француски РМС Спорт после победата на Атлетико Мадрид од 5:2 над Тотенхем.

Баерн и Атлетико ги отпишаа Аталанта и Тотенхем, Барса се извади во 95-та

Кошмарната ноќ на голманот на Тотенхем во 1 минута

11 март 2026 - 10:04