Кошмарната ноќ на голманот на Тотенхем во 1 минута

Антонин Кински е топ тема во ЛШ. Прими 3 гола во првите 15 минути од Атлетико Мадрид од кои два поради свои киксови, а потоа Игор Тудор го дотепа со потегот за што е жестоко критикуван од англиската јавност. Го извади во 17 минута со што уште толку му ја уби самодовербата. 22 годишниот Кински, кој е резервен голман, сезонава нема ниту еден настап во Премиер лига, а ова му беше деби во Лига на шампиони.

Тудор изјави дека сакал да го заштити и него и тимот. 

11 март 2026 - 09:44