Таг: тотенхем

Екипи со најмногу потрошени пари за одбрана изминативе 5 години

Што ли купувале Тотенхем и Манчестер Јунајтед кои ќе испаднеа за малку сезонава или Арсенал? Па трофеј со очи немаат видено овие три екипи. На Манчестер Сити му се исплати овој влог, тројна круна освоија, а најинтересен е податокот на Реал Мадрид. Со 5 милиони евра вложени изминативе 5 години за одбрана, освоиле 12 трофеи од кои две во ЛШ.

И сега ова да го крстиме мајсторија или нафрлување?

Полуфиналните двојки во Лига Европа не донесоа неизвесен фудбал. Манчестер Јунајтед го шутна Атлетик Билбао со вкупни 7:1, а Тотенхем го реши Бодо Глимт со вкупни 5:1, откако синоќа славеше 0:2. Педро Поро ги збуни сите со голов.

Парола на денот

Пусти Тотенхем, ниту на маратони не го оставаат на раат.

Сезоната на Тотенхем во едно видео

Не е само Манчестер Јунајтед мизерија оваа сезона, туку уште една екипа, а тоа е Тотенхем, кој следна европските купови ќе ги гледа на тв. 18 порази имаат во Премиер лига и во моментов се на 16-то место со 37 бода. Погледнете колку се синхронизирани во напад.

Голов на Тотенхем е печен за најавните шпици на ЛЕ

Ништо не е решено во ЛЕ. Од четири средби на првите четвртфиналните битки, три завршија нерешено. Тотенхем и Ајнтрахт Франкфурт одиграа 1:1. Обрнете внимание на финишот на Педро Поро. Кај со пета, па уште и кроз нозе. Браво мајсторе.

Ретко видена голманска мајсторија со многу ризик

Голманот на Тотенхем, Антонин Кински сака да ви покаже нешто од дуелот против Арсенал. Иако, ова е истовремено и играње со оган. Чекаме Ноер да даде свое мислење за потегов.

Дриблингот на сезоната еден на еден падна на лондонското дерби

Арсенал го доби Тотенхем 2:1 во 21.коло од Премиер лигата. Внимавајте добро што му направи Леандро Тросар на Педро Поро. Вакво исчашување не е видено со години. Се виткаше јадниот на земја, па дури и лекарска интервенција дојде на помош.

Два луди гола на Интер и Тотенхем од корнер

Нема ден без фудбал. Додека синоќа бевме на трпеза за Св.Никола, Тотенхем и Манчестер Јунајтед играа Купови. Едниве го елиминираа Манчестер Јунајтед со 4:3, а другиве Удинезе 2:0. Што имаат заеднично овие два меча? Шаќировка.

Голманот на Тотенхем му должи вечера на Бен Дејвис

Паралелно со ЛШ, и синоќа имаше англиски Лига Куп. Тотенхем го доби Ковентри на гости со 1:2, а при резултат 0:0, сè и сешто се случи пред голот на гостите.

Сонот од детството на наш човек да се биде на меч од Премиер Лига

Го посетил третиот најголем стадион во Англија, тоа е оној на Тотенхем кој собира 63.000. Пази пивото го точат на дугме и тоа од доле, а второто изненадување кое ќе го видите е навивачот со необична разонода на полувреме, нешто што е најнормално кога си залежан на плажа.

Бомба на Кин во 90-та за делириум на Гудисон Парк

По оние 3:3 против Саутемптон, фудбалерите на Тотенхем повторно не победуваат поради гол во 90-та минута. Хари Кејн погоди од пенал во 68-та, Мајкл Кин му одговори во голем стил за Евертон - Тотенхем конечни 1:1. По еден црвен на двете страни за Дукуре и Мура.

Драмата од 20 секунди пред двата гола коja го одбележа мечот во Лондон

По пауза од 11 години, Милан се враќа во четвртфиналето од Лига на шампиони, откако дома го победи Тотенхем 1:0, а на гости одигра без голови. Кејн и Ориги им качија притисок на навивачите во судиско. Прво Мајк Мењан му скроти чист удар на напаѓачот на Тотенхем, а потоа од контра Ориги ја погоди стативата.

Откачена атмосфера во соблекувална со Хари и другарите

По Челси, Манчестер Сити и Ливерпул, на премиерлигашите во нокаут фазата од ЛШ им се придружија и фудбалерите на Тотенхем. И тоа на тежок и драматичен начин, со пресврт на Велодром, каде на полувреме имаа резултат за елиминација.

ВАР драмите во Лондон и Мадрид во 99 минута со невиден крај

На средбите Атлетико Мадрид - Баер Леверкузен и Тотенхен - Спортинг се играше скоро 100 минути фудбал. Коментаторите на мултипреносот на Арена спорт се мрднаа и не можеа да ги пофатат двете лудачки завршници.

Ултрасите на Тотенхем во 70-те

Да не ги сретне човек овие страшила преку ден, а па навечер никако.

Во еуфоричното славје на Тотенхем најјак беше Мура

Фудбалерите на Тотенхем како гости, приредија лудорија од пресврт против Лестер. За време на славењето не се знаеше кој јаде, кој плаќа, а Лукас Мура му должи зимски реквизит на еден навивач, освен ако не го нашол во хаосот.

Пулишиќ не знаеше кај тера во дуел со детево

Го донесоа како еден од најголемите таленти во Шпанија за кој на Севиља и платија 25 милиони евра плус Ерик Ламела. Тоа е Брајан Хил, роден 2001-ва. Погледнете го како игра еден на еден. Скроз го измести.

Супер ждрепка за Лига Конференции

Третото по ранг натпреварување на УЕФА не е воопшто занемарливо, особено ако се знае дека таму играат клубови како Тотенхем, Рома, Марсеј, Лестер, ПСВ, Фенербахче, Селтик... Попладнево по фарсата со ждрепката за Лига на шампиони која се повтори, па супер влечењето за Лига Европа каде на Елмас и Наполи им падна Барселона, последно ги добивме паровите за 1/16 финале на Лига Конференции.

Играчите на Тотенхем ја стопираа играта за да спасат живот на навивач на Њукасл

Новите газди на Њукасл имаа многу што да видат на првиот нивен меч на Сент Џејмс Парк. Њукасл поведе во 2 минута, Тотенхем си даде смешен автогол, гостите победија 2:3 со пресврт, ама и покажаа дека има поважни работи од фудбалски триумф.

Вие ќе останете на аут линија, јас отидов

Со две победи од по 1:0, Нуно Еспирито Санто бележи убав старт во Тотенхем. Прво против Сити, а синоќа против Вулверхемптон од каде дојде. Внимавајте добро што им направи на двајца, крилото Стивен Бергвијн кој во јануари 2020-та пристигна од ПСВ.

Најмераклискиот дриблинг во Премиер лигата

Снимкава е стара нешто повеќе од 10 години од мечот Тотенхем - Дерби, кога имаше публика нели. Мајсторот е Адел Тарабт, а жртва Крег Фаган. Погледнете ја реакцијата на играчот со број 30. Безценето.

Закана на денот од УЕФА

Суперлигата е топ тема на денот по која има безброј реакции, но и доста заебанции. Во Лондон можат да бидат мирни, бидејќи УЕФА ништо не им може. Барем на овие две екипи.

Фудбалска Европа ја потресе земјотрес, доцна вечер основана Суперлига, УЕФА беснее

Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.

Првокласна сензација на Ристовски и Адеми со Динамо, урнат Тотенхем после 0-2

Жозе Мурињо речиси и да не памти каде добил ваков фудбалски шамар како вечерва на „Максимир“. Дојдоа Спарси со позитива од 2 гола по триумфот во Лондон, ама Динамо покажа страшна психолошка и физичка снага и го нокаутираше големиот ривал за пласман во историско четвртфинале!