Новите газди на Њукасл имаа многу што да видат на првиот нивен меч на Сент Џејмс Парк. Њукасл поведе во 2 минута, Тотенхем си даде смешен автогол, гостите победија 2:3 со пресврт, ама и покажаа дека има поважни работи од фудбалски триумф.
Со две победи од по 1:0, Нуно Еспирито Санто бележи убав старт во Тотенхем. Прво против Сити, а синоќа против Вулверхемптон од каде дојде. Внимавајте добро што им направи на двајца, крилото Стивен Бергвијн кој во јануари 2020-та пристигна од ПСВ.
Снимкава е стара нешто повеќе од 10 години од мечот Тотенхем - Дерби, кога имаше публика нели. Мајсторот е Адел Тарабт, а жртва Крег Фаган. Погледнете ја реакцијата на играчот со број 30. Безценето.
Суперлигата е топ тема на денот по која има безброј реакции, но и доста заебанции. Во Лондон можат да бидат мирни, бидејќи УЕФА ништо не им може. Барем на овие две екипи.
Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.
Жозе Мурињо речиси и да не памти каде добил ваков фудбалски шамар како вечерва на „Максимир“. Дојдоа Спарси со позитива од 2 гола по триумфот во Лондон, ама Динамо покажа страшна психолошка и физичка снага и го нокаутираше големиот ривал за пласман во историско четвртфинале!
На градското дерби Арсенал - Тотенхем гостите први поведоа со 0-1 и тоа со неверојатниот гол на Аргентинецот Ерик Ламела. Рабона каква што многу ретко се гледа. Арсенал до полувреме израмни преку Мартин Едегард. Ламела во вториот дел за само 7 минути доби два жолти картони и беше исклучен, а „топџиите“ победија 2-1.
Тотенхем и Мурињо играат топло-ладно цела сезона. По неколку слаби резултати, во неделата го покосија Кристал Палас со 4-1. Два гола даде Герет Бејл, а два Хари Кејн. Шпицот постигна лудорија од гол.
Тотенхем вечерва го одигра реваншот од Лига Европа со австриски Волфсбергер и победи 4-0. Со вкупни 8-1 Спарс одат понатаму. Резултатот го отвори Дели Али со еврогол! А мајсторија имаше и Герет Бејл за 3-1.
Спектакуларен натпревар синоќа одиграа „тофис“ и спарс во осминафинале на англискиот ФА Куп. После цели 2 часа фудбал со продолженија, Евертон победи 5-4, тимот на Мурињо испадна од Купот а ваков меч немало во најстариот турнир на светот уште од 1961 година кога Шефилд Венздеј го прегазил Ман. Јунајтед со 7-2.
Тотенхем победи во дербито на Северен Лондон против Арсенал и се врати на првото место на табелата, но главен настан во англискиот фудбал беше враќањето на навивачите.
Победничката серија на Мурињо и лидерот во Премиер лига Тотенхем продолжи во Лига Европа каде со 4-0 го добија бугарски Лудогорец. Во 63' минута од мечот Хари Винкс постигна фантастичен погодок за 3-0 од 40-ина метри:
На една фотографија од 1996 година стојат идните фудбалски ѕвезди на Хрватска: Лука Модриќ и Нико Крањчар. Додека ја гледате треба да знаете дека Нико е постар од Лука само 1 година.
Фотографија како најдобар доказ за времето во кое живееме. Место да разговараат меѓу себе како во второ или како да ги елиминираат грешките на следната доколку ова е сликано после утакмица, тие земале лајкови да бројат и да видат што има на стори.
Дефинитивно нема коло од Премиер лига или Лига Европа а Португалецот да не направи шоу какво што изведе во Скопје. Синоќа во Белгија неговиот Тотенхем изгуби од Антверпен со 1:0 а Жозе од лежерен пред мечот стана потиштен после натпреварот.
Најлудиот натпревар викендов се одигра во Премиер лига каде гостинот покажа дека и кога се губи 3:0 до 82-ра минута ништо не е готово и тоа во градско дерби. Пацерски деби настап на Бејл.
АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое стопанисува со националната арена се произнесе за тврдењата на Жозе Мурињо. Тврдат дека голот бил со регуларни димензии. Е ајде де сега.
Валмир Нафију цел живот ќе го памти голот кој во 55' минута му го даде на Џо Харт од 20-ина метри. Во квалификациите за Лига Европа, Нафију израмни на 1-1 со баш ефектен гол. Претходно уште на стартот Ламела го отвори резултатот, а во 70' минута Сон го врати водството на Спарс.
Откако пред три години им се падна Милан, Шкендија повторно ќе нагости светски познат фудбалски тим кој лани беше финалист во ЛШ. Ама твитерџиите ги измешаа брзите со стадионот.
Тотенхем ги почна квалификациите во Лига Европа од 2. коло. Првиот противник Локомотив Пловдив се покажа како многу тврд орев, па Спарс едвај се спасија од историска бламажа.
Локомотив Пловдив синоќа го изненади Тотенхем со водство во 71-ва минута, но големиот фаворит не дозволи резил и им ја сврте со головите на Кејн од пенал и Н'Домбеле во 80-та и 85-та. На овој вториот Бугарите како да не ја видоа топката.
Фудбалерите на Тотенхем сезонава како да платија цена за неверојатната мината сезона кога на неколку фронта стигнаа многу далеку и станаа европски вицешампиони. Во новата ќе играат во Лига Европа. Еден од најдобрите нивни играчи, Кореецот Сон го постигна најубавиот гол на сезоната во Премиер.
Навивачите на Тотенхем не може да ја гледаат сезонава табелата во Премиер лига од едноставна причина што нивниот тим е деветти на табела. Ако сака некој да ги донервира и него и Мурињо, нека им го пушти видеово.
Капитенот на Тотенхем Уго Лорис од нејасни причини збесна како никогаш претходно во кариерата и го нападна Кореецот Хонг-Мин Сон. Среќа реагираа соиграчите па го спречија на време инаку ќе пукнеше голема срамота на полувреме во Лондон каде Тотенхем го победи Евертон 1-0 со автоголот на Кин.