Бомба на Кин во 90-та за делириум на Гудисон Парк

По оние 3:3 против Саутемптон, фудбалерите на Тотенхем повторно не победуваат поради гол во 90-та минута. Хари Кејн погоди од пенал во 68-та, Мајкл Кин му одговори во голем стил за Евертон - Тотенхем конечни 1:1. По еден црвен на двете страни за Дукуре и Мура.

Две минути пред да го постигне голчиштето, Кин го издржа грубиот старт на Лукас Мура за кој заслужено доби црвен.

Во битката за ЛШ три екипи имаат ист број на бодови, но Њукасл и Манчестер Јунајтед имаат по два натпревари помалку од Тотенхем. Погледнете ја внимателно и борбата за опстанок. Од 12-от до последниот разликата е само 7 бода.

4 април 2023 - 08:17