Нико Крањчар е син на легендарниот Цицо Крањчар, некогашен селектор на Хрватска и Динамо Загреб. Нико играше за „коцкестите“ и за Динамо, Хајдук, Портсмут, Тотенхем, Ренџерс и Динамо Киев. Кариерата официјално ја заврши во 2018-та година.
На 17 години Нико Крањчар беше капитен на Динамо Загреб и важеше за еден од најголемите европски таленти. Но во кариерата освои само еден трофеј - ФА Купот на Англија во 2007-ма година со Портсмут.
После 2 сезони во Глазгов, ја заврши кариерата како фудбалер на Ренџерс. Се памети неговиот гол на „Вембли“ против Англија кога Хрватите како лидери во групата ја шокираа Англија и ја оставија без Светско првенство.
Лука Модриќ не треба да се претставува. За еден од најдобрите светски фудбалери се знае многу. Тој со Нико се сретнал во Динамо Загреб. 13 месеци е помлад од Крањчар и не играле заедно во првиот тим.
Динамо го праќаше Модриќ на неколку позајмици, а Нико во тоа време веќе беше права ѕвезда на „модрите“.
Во 2005 година Крањчар направи бум со трансфер од Динамо во Хајдук Сплит. Во тоа време Лука се калеше во разни клубови па се врати во Загреб како оформен играч и лидер на екипата.
Двајцата се најдоа во еден момент во Тотенхем од каде Крањчар отиде во Киев а Лука во Реал Мадрид каде стана најдобар играч на светот со освоени трофеи во Лига на шампиони.