Фудбалерите на Ливерпул го победија Реал Мадрид во ЛШ за прв пат после 15 години во натпревар на кој пенали промашија Мбапе, па Салах. Динамо Загреб загуби дома убедливо од фаворитот Борусија Дортмунд, а Стефан Ристовски го одигра цел натпревар. Бенфика и ПСВ славеа со пресврти во финишот. Холандскиот претставник на 0:2, му даде три комада на Шахтјор во 87`, 90` и 95`.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми се многу блиску до нова европска одисеја во најелитното клупско европско натпреварување. Само од пласман Хрватите ќе инкасираат дебела сума на пари.
Олимпијадата заврши, ама затоа почнаа фудбалите. Динамо Загреб веќе има 2 од 2, а синоќа славеше на гостувањето против Осијек со гол на поранешниот капитен на Македонија во 95-та минута за конечни 1:2.
Многу славенички денови имаше периодов за фудбалерите на Динамо Загреб. Кулминацијата се случи синоќа со отворен автобус, најпрвин со шампионска парада низ улиците на градот, а потоа на плоштад каде имаше голема фешта.
По освојувањето на шампионската титула, фудбалерите на Динамо Загреб славеа и во Купот на Хрватска. По ремито без голови на Максимир, модрите ја добија Ријека на гости со 1:3 и стигнаа до Купот број 17.
Седма титула во низа, 18-та во последните 19 години, 25-та во 33-те години од осамостојувањето на Хрватска и 34-та во клупската историја, заедно со титулите освоени во време на Југославија и Кралството СХС.
Со голот на Бруно Петковиќ, Динамо Загреб ја доби дерби пресметката против Хајдук на гости со 0:1 и изби на втората позиција на -5 од Ријека. Адеми и Ристовски беа стартери, а Трајковски не доби шанса. Рики одигра 90 борбени минути, а потоа беше во елемент и славеше со навивачите.
Динамо Загреб ја понижи Астана со петарда во првото коло од Конференциската лига, а за атракција на мечот се погрижи 21 годишниот Марко Булат. Ристовски не настапи поради повреда, а Адеми не е пријавен во Европа.
По Лига на шампиони и Лига Европа извлечени се паровите и за третото по ранг клупско европско натпреварување. Претставници имаат Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Бугарија, Грција. Ние ниту еден.
Има само 20 години, а ја игра третата сезона за Динамо Загреб како играч од среден ред. Јако соло на малиот кој намали на 3:1, ама што фајде, кога Хрватите примија и четврти погодок во 87-ма минута и се соочија со елиминација и во Лига Европа од Спарта Прага. Загубија 4:1 на гости после триумфот дома од 3:1. Од квалификации за ЛШ, Стефан Ристовски спадна на групи во Конференциска лига.
Пресметките меѓу Динамо и АЕК неодоливо нè потсетуваат на натпреварите кои модрите ги одиграа во 1997 година против Партизан, шампионот на земјата која со бомби и гранати не зави во црно. Тие натпревари беа повеќе од фудбалски, се играа под невиден притисок, играа не само за победа, туку и за национална гордост, притисокот беше огромен. Слична е ситуацијата и овој пат, пишува новинарот Даворин Оливари.
Ножеви, палки, ракети, динамити, фантомки, камен...се забележуваат на фотографиите кои ги носеле битангите на гостувањето во Атина, мислиш во војна отишле, а не на фудбал. Инаку уапсени се околу 100 навивачи, скоро сите Хрвати.
Не биле воопшто наивни сцените во Атина во понеделникот ноќта, посебно ако ти излезат пред очи овие 100-150 „навивачи“ кои место со навивачки реквизити, одат на гостување како багабонти и хараат по улици и дуќани, маскирани како криминалци.
Седум полициски началници во Атина синоќа беа експресно сменети после убиството на навивачот на АЕК. Грците зборуваат за сериозни пропусти на своите колеги.
Еден убиен и 96 уапсени навивачи е билансот од жестоките судири меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб во пресрет на дуелот од ЛШ на кој беше донесена забрана за гостински навивачи.
За 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, ќе потсетиме на едно кусо сведоштво на легендарниот Ивко Панговски кој коментирал меч на кој повеќе имало плачење, отколку навивање.
Ја реши Ријека и голот му го посвети на Адеми. На Вардарци им плати хотелски карантин. За славјето на титулата го зема мегафонот и ја запали атмосферата меѓу играчите и Бед Блу Бојс. Тоа е Стефан Ристовски, човек за кој Динамо напиша дека има силна енергија и „хулковска“ цврстина во одбрана.
Црвена Ѕвезда не е единствената екипа која го имаше и не го зема Синиша Михајловиќ бесплатно, па потоа плати рекордни 1,2 милиони марки. Слична глупост направиле и нивните хрватски ривали на чело со тогашниот тренер на Динамо, Чиро Блажевиќ.
На Динамо Загреб му тргна добро во ЛШ, не добро, одлично, бидејќи во прво коло направија сензација на Максимир против Челси. Но во група со Челси, Милан и Салцбург, толку беа силите. Завршуваат последни со 4 бода и можат да се пофалат со екстра верни навивачи кои отпатуваа цела војска во Лондон. Не ги пуштија играчите да одат во соблекувална.
Познатиот новинар на Спорт Италија, Танкреди Палмери објави видео од јужната трибина на Динамо Загреб и остана фасциниран од тоа што веднаш до влезот на теренот, Хрватите имаат направено капела на Свети Јосиф.