Адеми и Ристовски кренаа нов трофеј, двојна круна за Динамо Загреб

По освојувањето на шампионската титула, фудбалерите на Динамо Загреб славеа и во Купот на Хрватска. По ремито без голови на Максимир, модрите ја добија Ријека на гости со 1:3 и стигнаа до Купот број 17. 

И покрај тоа што во одреден период од сезоната фудбалерите на Динамо беа во криза, на крајот уште еднаш потврдија кој е газда во хрватскиот фудбал и ја освоија двојнака круна, вкупно 13-та во историјата.

Избраниците на Сергеј Јакировиќ славеа со головите на Петр Сучиќ, Мартин Батурина и Марко Булат, а домаќините реагираа многу доцна со погодок, дури во 91-ва минута.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери за Динамо и на крајот го кренаа трофејот. За Рики ова е осми трофеј откако е дојден на Максимир, Адеми е рекордер со 24.

Динамо Има 17 трофеи во Купот од независноста на Хрватска, Хајдук 8, Ријека 6.

 

23 мај 2024 - 08:43