Таг: Аријан Адеми

Ристовски триумфално во Салцбург со две асистенции, Рафиња со хет-трик го разби Баерн

И втората мега пресметка по Реал - Борусија, заврши со шпанска лекција за Германците. Барселона го декласираше Баерн, а Манчестер Сити и пукна петарда на Спарта Прага. Дури пет гостински екипи собраа по 3 бода во втората вечер од 3. коло во ЛШ. Динамо Загреб го изненади Салцург, а Лил го освои Мадрид. Елмас влезе во 86-та минута, но не успеа да го спаси Лајпциг од пораз против Ливерпул. Интер победи со гол во 93-та.

Адеми и Ристовски кренаа нов трофеј, двојна круна за Динамо Загреб

По освојувањето на шампионската титула, фудбалерите на Динамо Загреб славеа и во Купот на Хрватска. По ремито без голови на Максимир, модрите ја добија Ријека на гости со 1:3 и стигнаа до Купот број 17. 

Адеми ја заби против Осијек, а голот вреди нова титула за Динамо Загреб

Седма титула во низа, 18-та во последните 19 години, 25-та во 33-те години од осамостојувањето на Хрватска и 34-та во клупската историја, заедно со титулите освоени во време на Југославија и Кралството СХС.

Нов атрактивен гол на Адеми во Кина

Пекинг Гуан го совлада Циндао Хаиниу со 2:0 во кинескиот шампионат. Првиот гол го постигна Аријан Адеми кој како фурија влета во шеснаесетник и доста мајсторски и умешно ја реши ситуацијата пред голот на гостите. Два гола и две асистенции за македонскиот репрезентативец во Кина.

Неодбранлив проектил на Адеми за деби гол во Кина

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се отвори уште на стартот во кинеската авантура со бомбастичен погодок вреден 3 бода за неговиот тим. Пекинг Гуан - Нантонг Жијун, конечни 1:0. Уживајте во немилосрдната завршница на довчерашниот капитен на Динамо.

Ристовски го насмеа Адеми, Ковачиќ го расплака

Динамо Загреб му пружи третман на Адеми на заминување, како на вистинска светска ѕвезда, со мега специјално интервју за кое се има многу потрудено.

Пред две години ја напишав најголемата глупост во мојот живот за Адеми

Во екот на допинг аферата, Динамо направи одличен гест кога не му го сврте грбот, туку напротив се извлече од целата борба. Кога му беше најтешко Динамо не го напушти. Кога им беше најтешко на Динамо, ги водеше Адеми.

По спектаклот на Максимир, Адеми и Рики пристигнаа во Скопје

Само еден ден откако Стефан Ристовски со гол ја решија Ријека, а Аријан Адеми се поздрави со навивачите на Динамо Загреб пред трансферот во Кина, и двајцата македонски репрезентативци се во строј за мечот со Малта в четврток. Ги пречекаа Сејдини и Милевски.

Наслов на денот кој покажува колку им значи Адеми во Динамо Загреб

„Во последните години навивачите на Динамо цртаа графити само на двајца играчи. Аријан Адеми и Мислав Оршиќ. Заслужено. Адеми можеби никогаш не бил најдобар, но долго време е најважниот играч на Динамо“, пишува 24sata.hr со наслов што го немало за Тоти во Рим, ниту за Малдини во Милано.

373 пати срце на терен, капитену фала ти за сè

Во Загреб денеска сè беше во знакот на Аријан Адеми. Максимир ѝ се поклони на клупската икона која заминува по 13 незаборавни години.

Гол и асистенција на Адеми против Хајдук, Рики сликаше за време на делириумот

Македонските репрезентативци направија шоу на најголемото хрватско дерби кое Динамо Загреб го доби убедливо со 4:0.

Индекс: Најголемиот проблем на Динамо сезонава е Адеми

И покрај тоа што одиграа солидно прво полувреме и добро му парираа на седумратниот европски првак, сепак Динамо целосно се распадна во вториот дел против Милан за на крај да се соочи со дебакл од 0:4. Најпознатиот хрватски портал се осврна на формата на македонскиот репрезентативец, која ја оценува за многу слаба.

Специјална торта за македонскиот лав со 100 настапи во Европа

Човекот кој во Хрватска го условуваат како „Икона на Динамо“ или „Загребачки Тоти“, стигна до нов тешко достижен клупски рекорд.

Аријан Адеми стана прв македонски фудбалер со МВП признание во Лига на шампиони

Дарко Панчев и Илија Најдоски се првите нашинци кои го освоија најелитното клупско европско натпреварување во стариот формат, а Горан Пандев во новиот. Но никогаш до сега сме немале наш човек, МВП.

Велемајсторски гол на Петковиќ на асистенција на Ристовски, Динамо слави пласман во ЛШ

По 120 минути битка, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се израдуваа на учество во најелитното клупско европско натпреварување. Швеѓаните капитулираа во 117-та и 120-та минута.

Голот на Адеми против Шкупи

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја отвори новата сезона во ЛШ со голови. Капитенот на Динамо го израмни резултат против македонскиот првак кој извади изненадувачки 2:2 на Максимир, а потоа и асистираше за вториот гол.

Шампионско славје на Динамо и јубилеен 20-ти трофеј за херојот Адеми кој е потрофеен од Хајдук

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми ја добија една од најтешките и најнеизвесни битки во последните години во хрватскиот шампионат. Никој како Адеми во историјата на Динамо Загреб.

Рики и Адеми грмеа во ритам со ултрасите

Динамо Загреб го доби дербито на колото во Хрватска против Осијек и на две кола до крај има +4 пред второпласираниот Хајдук Сплит. Титулата им е на дофат.

Аријан Адеми – динамовец кој тешко дека некој ќе го надмине

Адеми е татко на соиграчите. Кога е на терен, тимот делува многу посигурно, па дури и поопуштено. Кога премногу ќе се опуштат, тој е тој што ќе свика и ќе му се фрли во лице на оној за кој мисли дека во тој момент не е внесен во мечот. За Динамо е она што беше Тоти за Рома.

Адеми јунак на дербито, ја реши Ријека на крај со пресврт

Во македонската пресметка во Хрватска, на која настапија сите тројца наши репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски слават многу важна победа во трката за титулата против Дарко Велковски.

Капитенски и лидерски однос на Адеми кој повреден отпатува на жешкото дерби

Македонскиот репрезентативец се истакна со нов прекрасен гест, односно со два овој викенд во кој Динамо Загреб имаше тешка и многу важна пресметка во борбата за титулата. Тоа се тие потези со кои се освојува публиката.

Македонска акција на Динамо во режија на Рики и Адеми

Динамо Загреб ја совлада Горица со 2:1 во 23. коло од хрватскиот шампионат. Резултатот го отвори Аријан Адеми на асистенција на Стефан Ристовски. Убава македонска комбинаторика. Динамо е прв на табела со +6 од Осијек и Ријека.

Графит во Загреб во чест на Адеми

Симбол на Динамо Загреб, капитен, мотор на тимот, рекорден по број на настапи и трофеи, верен веќе 12 години. Тоа е Аријан.

Адеми шоу во Лига на шампиони со два атрактивни гола

Динамо Загреб со триумф ја започна новата сезона во квалификациите за ЛШ, а во центарот на вниманието е македонскиот репрезентативец кој за жал промаши пенал и пропушти златна шанса за хет-трик.