Ристовски до Адеми: Беше срцето на тимот кое чукаше најсилно

По Стефан Ристовски, од Динамо Загреб си замина и Аријан Адеми. Беа заедно на Максимир 5 сезони, а со македонската репрезентација играа на Европско. Имаа братска конекција. Рики емотивно, со избрани зборови му напиша долга порака на Инстаграм.

„Во секој тим постои срце. Не мора секогаш најмногу да зборува, ниту најмногу да трча, но кога и да затреба – тоа чука најсилно. За нас, тоа си ти. Како капитен, не носиш само лента. Носиш одговорност, гордост и сила, а ти тоа го правеше со насмевка и храброст. Беше лидер кога победувавме, а уште повеќе кога губевме. Твојот збор мотивираше, твојата борба инспирираше, а твоето присуство ни даваше сигурност на сите нас. На терен секогаш беше пример , борбен, чесен, неуморен. Надвор од теренот: брат, пријател и поддршка. Во секој поглед, капитен каков што посакува секој тим, а ние имавме среќа што ти беше наш. Ти благодариме за секој дуел, за секоја крената глава, за секоја дадена поддршка. Ти благодариме што нè водеше, не само како фудбалер, туку како човек“, стои во пораката на Ристовски.

 

Унгарците се потрудиле во најавата за Адеми

21 јуни 2025 - 14:44