Фудбалерите на Ливерпул го победија Реал Мадрид во ЛШ за прв пат после 15 години во натпревар на кој пенали промашија Мбапе, па Салах. Динамо Загреб загуби дома убедливо од фаворитот Борусија Дортмунд, а Стефан Ристовски го одигра цел натпревар. Бенфика и ПСВ славеа со пресврти во финишот. Холандскиот претставник на 0:2, му даде три комада на Шахтјор во 87`, 90` и 95`.
И втората мега пресметка по Реал - Борусија, заврши со шпанска лекција за Германците. Барселона го декласираше Баерн, а Манчестер Сити и пукна петарда на Спарта Прага. Дури пет гостински екипи собраа по 3 бода во втората вечер од 3. коло во ЛШ. Динамо Загреб го изненади Салцург, а Лил го освои Мадрид. Елмас влезе во 86-та минута, но не успеа да го спаси Лајпциг од пораз против Ливерпул. Интер победи со гол во 93-та.
Динамо Загреб го победи Вараждин 1:0 во 9. коло од хрватскиот шампионат, а по завршувањето на мечот Стефан Ристовски направи прекрасен гест. Детете кое минатата сезона на гостувањето во Вараждин втрча на терен, а тој им го зема на обезбедувањето од раце, овој пат го симна од трибина за да му подари дрес.
Втор меч, втор гол по ред за Стефан Ристовски кој му тргна голгетерски во новата сезона. Голчиштево против Шибеник кој Динамо Загреб го доби со 3:0, падна во 6 минута и сигурно ќе биде кандидат за гол на сезоната во Хрватска. За Рики оваа бомба е веројатно и голот на кариерата.
Олимпијадата заврши, ама затоа почнаа фудбалите. Динамо Загреб веќе има 2 од 2, а синоќа славеше на гостувањето против Осијек со гол на поранешниот капитен на Македонија во 95-та минута за конечни 1:2.
Во најтешките моменти, кога многумина го забораваа, Рики беше тука за Вардар и помагаше. Прво што направија црвено црните кога пристигнаа на Максимир е подарок за Рики, се разбира дрес од Вардар.
Довчерашниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски испрати скриена порака после поразот на Македонија од Хрватска од 3:0 и слабата игра.
Тројната круна на Стефан Ристовски се слушна и во Манчестер Јунајтед благодарение на Бруно Фернандеш. Португалската ѕвезда и македонскиот репрезентативец се големи пријатели од времето во Спортинг каде заедно освоија три пехари. Бруно на Инстаграм ја сподели фотографијата од Рики кој позира со пехарите за време на прослава на плоштадот во Загреб. Скоро 9 милиони го следат.
По освојувањето на шампионската титула, фудбалерите на Динамо Загреб славеа и во Купот на Хрватска. По ремито без голови на Максимир, модрите ја добија Ријека на гости со 1:3 и стигнаа до Купот број 17.
Седма титула во низа, 18-та во последните 19 години, 25-та во 33-те години од осамостојувањето на Хрватска и 34-та во клупската историја, заедно со титулите освоени во време на Југославија и Кралството СХС.
Динамо Загреб води грчевита битка за титулата со Ријека, а следниот викенд, на 5 мај им одат на гости и тоа веројатно ќе биде клучен меч. Ова коло го совладаа Вараждин, а аплаузите ги собра Стефан Ристовски со гест во негов стил.
Со голот на Бруно Петковиќ, Динамо Загреб ја доби дерби пресметката против Хајдук на гости со 0:1 и изби на втората позиција на -5 од Ријека. Адеми и Ристовски беа стартери, а Трајковски не доби шанса. Рики одигра 90 борбени минути, а потоа беше во елемент и славеше со навивачите.
Довчерашниот капитен на Македонија, реагираше на последното интервју на Дарко Панчев во врска со квалификацискиот циклус за ЕП 2024 на кое завршивме на претпоследно место.
По Лига на шампиони и Лига Европа извлечени се паровите и за третото по ранг клупско европско натпреварување. Претставници имаат Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Бугарија, Грција. Ние ниту еден.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација не зборуваше за тоа зошто капитенот Ристовски смета дека работите во репрезентација одат во погрешна насока. Вели имале конструктивен разговор со различни гледишта.
Ја реши Ријека и голот му го посвети на Адеми. На Вардарци им плати хотелски карантин. За славјето на титулата го зема мегафонот и ја запали атмосферата меѓу играчите и Бед Блу Бојс. Тоа е Стефан Ристовски, човек за кој Динамо напиша дека има силна енергија и „хулковска“ цврстина во одбрана.
Само еден ден откако Стефан Ристовски со гол ја решија Ријека, а Аријан Адеми се поздрави со навивачите на Динамо Загреб пред трансферот во Кина, и двајцата македонски репрезентативци се во строј за мечот со Малта в четврток. Ги пречекаа Сејдини и Милевски.
Капитенот на Македонија Стефан Ристовски му донесе 3 бода на Динамо Загреб, а на голот се израдува во стилот на неговиот репрезентативен, а денеска за последен пат клупски колега. На иконата на Динамо мечот против Ријека му е последен. По 13 години на Максимир, заминува во Кина во Пекинг Гуан.
Во последниве три гола, Стефан Ристовски постигна два гола со кои Динамо Загреб победува во хрватскиот шампионат. По погодокот против Локомотива Загреб, ова коло капитенот на Македонија фантастично реагираше на асистенцијата на Батурина за конечни Динамо - Истра 1:0.