По Лига на шампиони и Лига Европа извлечени се паровите и за третото по ранг клупско европско натпреварување. Претставници имаат Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Бугарија, Грција. Ние ниту еден.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација не зборуваше за тоа зошто капитенот Ристовски смета дека работите во репрезентација одат во погрешна насока. Вели имале конструктивен разговор со различни гледишта.
Ја реши Ријека и голот му го посвети на Адеми. На Вардарци им плати хотелски карантин. За славјето на титулата го зема мегафонот и ја запали атмосферата меѓу играчите и Бед Блу Бојс. Тоа е Стефан Ристовски, човек за кој Динамо напиша дека има силна енергија и „хулковска“ цврстина во одбрана.
Само еден ден откако Стефан Ристовски со гол ја решија Ријека, а Аријан Адеми се поздрави со навивачите на Динамо Загреб пред трансферот во Кина, и двајцата македонски репрезентативци се во строј за мечот со Малта в четврток. Ги пречекаа Сејдини и Милевски.
Капитенот на Македонија Стефан Ристовски му донесе 3 бода на Динамо Загреб, а на голот се израдува во стилот на неговиот репрезентативен, а денеска за последен пат клупски колега. На иконата на Динамо мечот против Ријека му е последен. По 13 години на Максимир, заминува во Кина во Пекинг Гуан.
Во последниве три гола, Стефан Ристовски постигна два гола со кои Динамо Загреб победува во хрватскиот шампионат. По погодокот против Локомотива Загреб, ова коло капитенот на Македонија фантастично реагираше на асистенцијата на Батурина за конечни Динамо - Истра 1:0.
Само голманот на Аргентина, будалетинката Емилиано Мартинез е пречка што Доминик Ливаковиќ не е прогласен за голман број 1 на првенството во Катар. Веројатно нијанси одлучувале, бидејќи благодарение на неговите одбрани, Хрватска во нокаут фазата ги мина Јапонија и Бразил на пенали. Скапоцениот дрес на Ливаковиќ од осминафиналето на Хрватите, заврши токму кај неговиот клупски колега Стефан Ристовски. Убав гест.
И капитенот на Македонија, Стефан Ристовски беше дел од големото славје на Вардар и Комити. Тој е дете на Вардар, каде играше во периодот 2008-2010 пред да замине во Италија. Во еден момент го зема микрофонот и им диригираше на Комити како прав водач, а потоа се изгушка со Гачевски, како и со сите други играчи на Вардар кои дојдоа под трибина.
Ги чекаме вечерва на Градски со почеток од 20:45 во натпревар без некоја резултатска важност, туку чисто да им покажеме дека сме појаки. Стефан Ристовски нема да игра поради повреда, ама им заигра на Инстаграм со нивниот најголем и најактуелен хит. Рокајте звучките.
По сензацијата дома против Челси во првото коло од ЛШ, Динамо Загреб вечерва со почеток од 18:45 му гостува на Милан. Аријан Адеми и Стефан Ристовски на Сан Сиро ќе имаат поддршка од Гранде Пандев. Поранешниот капитен на Македонија го пречека својот другар со кој го славеа најголемиот успех на македонската репрезентација, а овој дојде спремен со подарок.
Капитенот на Македонија Стефан Ристовски одлично ја почна сезоната во ЛШ. Во 6-та минута од мечот јуначки го спаси голот по шутот на Стерлинг, а во вториот дел за влакно ќе дадеше еврогол.
По 120 минути битка, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се израдуваа на учество во најелитното клупско европско натпреварување. Швеѓаните капитулираа во 117-та и 120-та минута.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми се на чекор до пласман во ЛШ, откако во квалификациите го елиминираа Лудогорец со вкупни 6:3. Од синоќешниот меч на Максимир на кој славеа 4:2, а гостите добија три црвени картони, го издвојуваме влезот на капитенот на Македонија, кој се проби како шило и му ја даде на тацна на Дрмиќ по само 12 минути игра.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација реагираше на Инстаграм по повод новите случувања во РК Вардар кој е исклучен од Лига на шампиони и е во потрага на пари за да обезбеди иднина. Првиот човек на клубот Михајло Михајловски денеска соопшти дека побарале спонзорство од 37 компании.
Беше главен во хотелската забава после историскиот пласман на Македонија на ЕП, која имавме привилегија да ја гледаме во живо кај него на Инстаграм. Овој пат ни пренесува секвенци од прославата за шампионската титула со Динамо Загреб. Плус и клубот објави јако видео со живата музика. Двајца играчи се качија на кола.
Динамо Загреб го доби дербито на колото во Хрватска против Осијек и на две кола до крај има +4 пред второпласираниот Хајдук Сплит. Титулата им е на дофат.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација им се заблагодари на навивачите за поддршката и испрати порака дека треба да и се верува на оваа селекција. Под постот му се обрати и Бруно со кој останаа другари од Спортинг.
Динамо Загреб ја совлада Горица со 2:1 во 23. коло од хрватскиот шампионат. Резултатот го отвори Аријан Адеми на асистенција на Стефан Ристовски. Убава македонска комбинаторика. Динамо е прв на табела со +6 од Осијек и Ријека.
Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски му пишува порака на Елиф Елмас пред големата битка во Серија А. Елмас му одговара со сеќавање на еден емотивен момент. Е тоа е фудбалот.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација направи сефте како стрелец за Динамо. Неговиот тим го доби гостувањето против Истра со 0:2, а Ристовски го даде вториот гол од контра во 98-ма минута со што ја потврди победата. Адеми беше заменет во 66-та минута.