Капитенот на Македонија доби уникатен подарок од голманот на Хрватска

Само голманот на Аргентина, будалетинката Емилиано Мартинез е пречка што Доминик Ливаковиќ не е прогласен за голман број 1 на првенството во Катар. Веројатно нијанси одлучувале, бидејќи благодарение на неговите одбрани, Хрватска во нокаут фазата ги мина Јапонија и Бразил на пенали. Скапоцениот дрес на Ливаковиќ од осминафиналето на Хрватите, заврши токму кај неговиот клупски колега Стефан Ристовски. Убав гест.

23 декември 2022 - 13:26