Стефан Ристовски иронично му се обрати на Панчев: „Да беше ти помошник, ќе го освоевме Европското“, испровоциран од неговиот коментар за Екипа:
„Уверен сум дека да бевме во било која од другите групи ќе можевме рамноправно да се носиме со противниците, и да се надеваме на уште едно учество на ЕП, по она историско од 2020 година“.
Панчев вели дека пласманот на Македонија во една ваква група, со две нерешени против актуелните европски шампиони и вицешампиони е реален и објективен.
На прашањето дали треба да му се продолжи договорот на Боби Милевски како селектор, Панчев одговара дека треба да се анализираат резултатите во неговиот двегодишен договор.
Тој смета дека оценката е позитивна и соработката треба да продолжи поради пласманот во бараж за СП 2022, кој го истакнува како фантастичен успех, како и нерешените резултати против Италија и Англија и 60-те феноменални минути против Украина во Скопје.
Но во тие резултати, не го споменува разочарувачкиот пласман во Лига на нации на претпоследно место, натпреварување кое е реалност за земји како Македонија да бркаат пласман на Европско и преку кое ја испишавме историјата.
Македонската репрезентација заврши со едно реми и три порази во дуелите против Бугарија и Грузија и ги победи само аматерите од Гибралтар, во два наврати.