Нашите фудбалски јунаци се во транс во Гранд Плаза. Ристовски и Алиоски повторно со иструменти в рака, Пандев во елемент, заедно со Николов, Нестор и уште ред други. Ова е историја за македонскиот спорт која одекна во цела Европа и треба достојно да се прослави. Уживајте момци. Заслуживте.
Македонската фудбалска репрезентација синоќа одигра и трето полувреме ама пред хотел, каде беше пречекана со музика. Се пееше, се вртеше оро, Џани ја фати гитарата, а кулминација настана кога Стефан Ристовски го грабна тапанот.
Македонската фудбалска репрезентација на 5 септември ќе го одигра првиот меч во новата сезона од Лига на нации против Ерменија. Тоа е воедно и прв нивен натпревар годинава за А тимот кој ќе се игра под нетипчки околности: Без публика и во 15 часот на сонце, за што не им е сеедно на Стефан Ристовски и Бобан Николов.
На сите им падна цената, што беше и за очекување, а најмногу на Барди. Членот на Леванте и македонската фудбалска репрезентација од 15, сега вреди 12 милиони евра.
Најозборувано име во фудбалска Британија во моментов е Бруно Фернандеш, Португалецот кој го крена ранетиот Манчестер Јунајтед и го насочи на пат кон Лига на шампиони.
Фудбалерите на Спортинг славеа 3:1 против Башакшехир во нокаут фазата од Лига Европа. Стефан Ристовски одигра 90 минути и беше асистент при вториот гол откако се проби по десно и го најде на пеналтикот Шпорар.
Во Лига Купот на Португалија, Брага со 2-1 го победи Спортинг Лисабон. Ваков натпревар сезонава немало во Европа - судијата подели 10 жолти и дури 4 црвени картони. 90 минути изобилуваа остри прекршоци а кулминираше во 90+3’ минута кога Французинот Жереми Матје намерно и без никаква потреба го удри Вилсон Едуардо. Одма сите му се залетаа, а прв што го штитеше беше Стефан Ристовски.
Единствениот македонски претставник во Лига Европа не беше вечерва во составот на Спортинг кој го прегази ПСВ со 4:0. Ајнтрахт со пресврт го совлада Арсенал на гости и се вмеша за прво место. Партизан е елиминиран откако при водство од 0:2 во Холандија, прими два комада на крај.
Во 92’ минута од гостувањето на Спортинг кај Маритимо синоќа, при резултат 0-0 Бас Дост разочарано по еден центаршут ја спушти главата и не примети дека топката му е пред нога да ја забие во гол. Слична шанса промаши и во 95’ минута против Виљареал за пласман на Спортинг понатаму во Лига Европа.
Со капитенска лента околу раката, Аријан Адеми го предводеше Динамо во убедливата победа над чешки Плзен и со „модрите“ оди во следна фаза каде одат уште и Арсенал, Виљареал, Наполи, Салцбург, Валенсија, Зенит, Ајнтрахт.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми со порази ги завршија првите нокаут средби од ЛЕ. Динамо Загреб и покрај водството загуби 2:1 на гости од Викторија Плзен, а Спортинг беше поразен дома од Виљареал со гол во 3 минута. Адеми играше 90 минути, а Рики влезе во 27-ма минута откако се повреди Бруно Гаспар.
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се пласираше во финалето на Лига Купот во Португалија откако со Спортинг ја совлада Брага на пенали со 4:3. Пенал серијата почна ужасно со дури пет утки по првите три изведени серии. Промаши и неговиот колега Нани, а Рики шутираше претпоследен. Во финале ќе играат со Порто кој во другото полуфинале ја елиминираше Бенфика.
Не сме нешто многу по шпекулациите за трансфери кои кај нас на сајт може да ги прочитате скоро ич, ама ајде да видиме што има на тема Стефан Ристовски во Лацио. За неговиот трансфер во Рим, италијански печат пишуваше денес, пред три дена, а и пред две и пол години.
Стефан Ристовски беше повреден и не можеше да и помогне на Македонија на мечот против Лихтенштајн, но тоа не го спречи да го облече националниот дрес, да го гушне телевизорот и да ја пее химната заедно со своите колеги. О д л и ч е н.
Големото дерби на португалскиот фудбал меѓу Бенфика и Спортинг заврши 1-1 и тоа по заслуга на Ромен Сален. Овој 34-годишен голман стана прв избор во Спортинг по заминувањето на Руи Патрисио во Вулверхемптон. Нашиот Стефан Ристовски одигра цел меч и беше меѓу подобрите во својата екипа.
Бекот на македонската репрезентација лани направи голем трансфер од Ријека во Спортинг, кој важи за еден од трите најславни португалски екипи со 47 трофеи. Тоа му ги отвори вратите да заигра и на европска сцена каде стигна до топ 8 и да ги чува славните напаѓачи од кои до “вчера“ трчал за автограм или фотка.
Римјаните во само четири минути примија три гола и упропастија сè што макотрпно градеа цела сезона во Европа. Нашиот репрезентативен бек одигра одлични 79 минути во триумфот на Спортинг против Атлетико Мадрид.
Претседателот на клубот од Лисабон на својот Фејсбук објави дека суспендира 19 првотимци поради тоа што не ги прифатиле неговите критики за слабите игри и му вратиле со потпишано соопштение.
Стефан Ристовски од клупа ја следеше драмата во Чешка која можеше да ја решат во 90-та минута ако Бас Дост не промашеше пенал. Лацио се извади за ремито во Рим, а во следна фаза патуваат и Атлетико Мадрид, Марсеј и Лајпциг.
По убедливиот триумф на гости против Астана, Спортинг Лисабон вечерва ремизираше 3:3 против тимот од Казахстан и оди во осминафиналето на Лига Европа. Нашиот репрезентативец одигра одлични 90 минути.
Тимот од Лисабон кој сериозно конкурира за титула после долги години во Португалија, синоќа направи голем чекор кон осминафиналето во Лига Европа. Губеа 1:0 па со 1:3 ја совладаа Астана пред реваншот за седум дена. За време на мечот аргентинското крило Маркос Акуња си играше со противниците.
Фудбалерите на Спортинг ја загубија првата полуфинална пресметка во Купот на големото дерби против Порто, а една од најубавите прилики на средбата ја имаше Стефан Ристовски кој за малку ќе постигнеше голчиште против легендарниот Касиљас, кој изгледа како да ја допре со прсти.
Холандскиот репрезентативец и најдобар стрелец на Спортинг Лисабон, Бас Дост по мечот од Купот против Кова Пиедаде каде „Лавовите“ едвај победија 1:2, влезе во вербален дуел со десниот бек на македонската репрезентација.
По настапите во Лига на шампиони за кои доби огромни пофалби, македонскиот репрезентативец се покажа во доста добро светло и во Купот на Португалија и целосно ја оправда довербата кај Жорге Жесус.