Извадивме листа на топ 50 македонски фудбалери според вредноста на Трансфермаркт на која може да се забележи дека сите отишле надолу со цената.
На прво место и натаму е Елиф Елмас чија вредност падна за 1,5 милиони евра и сега вреди 15,5. Потоа следува Барди со 12, а трет е Адеми кој од 7 се спушти на 5,5 милиони евра.
Во најскапите 10 влегуваат Алиоски 3,5 милиони (- 1 милион), Ристовски 3,2 (- 800.000 евра), Несторовски 2,8 (-700.000), Димитриевски 2,4 (-600.000), Јаховиќ 1,2 (-300.000), Трајковски 1,2 (-300.000) и Хасани 800.000 (-200.000)
Пандев е на 40-та позиција со вредност од 325.000 евра или 75.000 помалку, а од македонското првенство најскап е Даниел Аврамовски од Вардар кој вредеше 800.000, а сега вреди 650.000 евра.