По пеналот кој го заработи Ѓоко Зајков, селекторот Ангеловски не чекаше ни секунда и одма му покажа со прст на Алиоски тој да го изведе. А Џани, можеби најдобар пеналџија во репрезентацијата, маестрално погоди за 1-1 и важен бод со играч помалку. Алиоски важи за еден од луѓето задолжени за добра атмосфера во соблекувална, а со тоа ќе се сложат и комшиите во Лидс.