Лидс и Арсенал одиграа без голови на „Еланд Роуд“ во меч кој изобилуваше со фаули и остри стартови.
Дека со Арсенал нешто не оди под водство на Микел Артета покажува и фактот што Лидс на Биелса синоќа имаше дури 67% посед на топка во однос на 33% на „топџиите“, 25 шута во однос на 9 (4-2 во рамки на гол), 5-3 во корнери итн.
Владее некоја нервоза во Арсенал, најверојатно поради слабите партии сезонава. Таа фрустрација синоќа изби од шпицот на репрезентацијата на Брег на Слонова коска, Пепе'.
Во 50' минута крилниот напаѓач на Арсенал Никола Пепе со глава имаше минимален контакт со нашиот Алиоски и доби директен црвен картон од судијата Ентони Тејлор. Двајцата и претходно имаа неколку закачки на теренот:
После мечот левиот бек на Арсенал Киран Тирни отиде да се пресмета со Алиоски, но соиграчите ги смирија додека Џани збореше со Албанецот Гранит Џака:
Еве што рече Патрис Евра после мечот за Езѓан во студиото на Скај Спортс:
„Алиоски заслужува Оскар. Одигра многу добро. Ако бев јас тренер на Лидс ќе бев пресреќен со Алиоски, но гледајте, изгледаше како да му го скршил носот, да му скршил нешто, така што многу будалесто од Пепе. Не играш цело време, Артета те пушта и ти немој следен пат да плачеш кога не играш“, отворено рече Евра.
🗣 "Pepe, don't come and cry when you don't play the next game"
— Football Daily (@footballdaily) November 22, 2020
🗣 "Alioski deserved an oscar, he played it so well"@Evra sums up Pepe's red card with two great quotes pic.twitter.com/pYSUJlfYAr
Коментар во студиото на Би-Би-Си имаше и Дени Марфи, некогашниот фудбалер на Ливерпул кој исто го нападна Алиоски:
„Имаше нервоза и расправии но никаков удар со глава. Нормално е, пробуваш да биде поцврст во дуел. Пепе е добар играч, а Алиоски се обиде и успеа да му направи нелагодност.
Артета е во право кога вика дека е неприфатлива реакцијата на Пепе да го остави тимот на цедило, ама за мене неприфатлив е и одговорот на Алиоски. Да паднеш така кога немаш потреба, не беше навистина добро, и често во последно време гледаме играчи кои местат други играчи. Знам дека некои ќе речат дека е нормално, ама за мене не е нормално. И затоа го разбирам Киран Тирни кој збесна на крајот“.
Ако Алиоски не паднеше вечерва, дали ќе го исклучеа Пепе? Ист принцип е и со пеналите, ако не паднеш нема да добиеш пенал. Затоа играчите го прават тоа. Ако имаат близок контакт со главите не значи дека некој треба да биде исклучен. А тоа се случува и не сакам да го гледам“.
Како резултат на црвениот картон, Пепе доби суспензија од 3 меча и сега ќе ги пропушти дуелите на Арсенал со Вулверхемптон, Тотенхем и Барнли.