Одигра пет натпревари за Вест Хем и во јуни стана слободен играч, а вчера соопшти дека се повлекува од фудбалот. Во последно време Евра повеќе го има на Инстаграм, отколку на терен. 20 години кариера, 15 трофеи со Манчестер, 5 со Јуве. Евра има еден куп евра, а и слобода да го живее животот како што сака на тие “мачни“ денови за 38 годишен пензионер.